Наоѓање слобода од стресПримерок
Не дозволувај стресот да управува со твојот живот.
Стресот, за повеќето од нас, е многу позната борба. Но тоа не мора да биде така. Во повеќето случаи кон стресот можеме да гледаме како кон нешто со кое треба да се справиме, но Исус всушност ни нуди слобода од стрес преку Неговиот мир.
Ајде сега да расчистиме некои работи. Не постои некоја магична формула која ќе го избрише стресот засекогаш. Стресот претставува една емотивна, понекогаш панична реакција на одредени ситуации кои мозокот ги смета за заканувачки. Ова всушност може да биде добра работа бидејќи може да те спаси од опасност, да те мотивира да донесеш подобра одлука или да ти помогне да ја направиш потребната промена. Но кога стресот го презема управувањето со твојот живот - тогаш имаме проблем.
Па така, можеби прашањето не е како да престанеме да имаме стрес. Ајде да поставиме едно подобро прашање: како можеме да го преправиме начинот на кој го толкуваме и реагираме на стресот? Еве три нешта кои ќе ти помогнат да влијаеш на твоите реакции на стресот.
- Не дозволувај стресот да управува со твојот живот. Дозволи му на здравиот стрес да ги води твоите одлуки, но не дозволувај стресот да го замати твоето расудување. Побарај од Бог да ти даде јасност за тоа дали стресот прави да пропушташ прилики кои Тој ти ги дава.
- Препушти ја контролата. Ништо не го храни стресот подобро отколку контролата. Исус ни нуди слобода од тешки бремиња. Но има еден предуслов за тоа - мораме да дојдеме кај Него. Оди кај Бог и положи го својот стрес пред Него. Цената која треба да ја платиме е контролата, но наградата е слобода, мир и одмор.
- Побарај мудрост. Прашај го Бог дали има нешто што може овој стрес да те научи за тоа како се однесуваш во последно време? Дали си натоварил на себе премногу обврски? Побарај од Бог нежно да те поправи, да те води и да те доведе до сржта на твојот стрес, а потоа побарај од Него да го замени твојот стрес со Неговата сила.
Разговарај за тоа
- Како можеш да започнеш одново да дефинираш како гледаш на стресот?
- Што може да те научи твојот стрес за начинот на кој моментално живееш?
- Кои се оние работи кои треба да ги препуштиш за да доживееш мир?
Опис за овој план
Стресот е реален, но не мора да управува со твојот живот. Преку Христос, можеме одново да го формулираме, фокусираме и дефинираме. Ако се бориш со стрес, провери го овој 5-дневен библиски план за да научиш како да најдеш слобода и мир.
More