Наоѓање слобода од стресПримерок
Престани да му даваш моќ на стресот
„Во хаос сум“ ни станува прилично стандарден поздрав овој период, исто како и „зафатен/а сум.“ Искрено, спомнувањето на стресот честопати го користиме како пофалба. Велејќи дека сме под стрес, си даваме важност затоа што иако не ни се допаѓа чувството што ни го носи стресот, ни се допаѓа зголемениот статус што ни го дава.
Во нашата култура на брз живот, стресот се смета за нормален. Тој ја губи неговата негативната претстава и наместо тоа, се придружува на работите како напорна работа, амбиција и успех. Претпоставуваме дека успешните луѓе се луѓе под стрес, па затоа се трудиме повеќе. А, пак, во отсуство на стрес се чувствуваме мрзливи или немотивирани.
И кој е резултатот? Постојано се обидуваме да направиме повеќе и да бидеме повеќе, што нè носи—претпоставуваш—до уште поголем стрес. Преоптеретени сме затоа што не можеме да кажеме не. Одржуваме површни врски преку Интернет наместо да одвојуваме време за да оствариме значаен разговор. Така го вклучуваме стресот во нашиот идентитет.
Но, стресен, преоптеретен живот не е она што Бог го имал во предвид за нас. Исус рече дека нашиот непријател доаѓа да украде, да убие и да уништи. Ова може да изгледа екстремно, но стресот може да украде. Го краде сонот. Ја краде нашата среќа. Го краде нашиот ментален капацитет. Целата таа зафатеност што го храни нашиот стрес може да нѐ направи да сме растроени поради мали нешта за да нè спречи да ги забележиме големите планови што Бог ги има за нас.
Спротивно на тоа, Исус рече дека дојде да ни даде живот и тоа живот во изобилие. Исус дојде да донесе мир и изобилство, што е спротивно на стресниот (или стегнатиот) живот.
Затоа е време да го преиспитаме стресот. Да престанеме да му даваме моќ на стресот. Да престанеме да го користиме како средство за самопофалба. Наместо тоа, да го користиме недостатокот на стрес како можност да се истакнеме, да бидеме различни и да ја споделиме нашата вера.
Додека светот околу нас се дави во стрес, ние избираме да останеме спокојни, мирни и да се сеќаваме дека Господ е Бог. Додека другите постојано се натпреваруваат и меѓусебно се споредуваат, ние ќе славиме и ќе се охрабруваме едни со други. Кога другите се преоптеретени и безнадежни, ние ќе бидеме луѓе што носат таква надеж што неверниците ќе нѐ гледаат и ќе нè прашуваат зошто ја имаме таа надеж што имаме.
Ќе најдеме слобода од стресот кога ќе престанеме да му даваме моќ и кога ќе се свртиме кон изворот на целата моќ - нашиот Бог. Да престанеме да живееме под стрес и наместо тоа, да ги прифатиме Исусовите зборови и да го живееме животот во потполност.
Дискусија
- Што мислиш, кои се основните причини за твојот стрес?
- Што мислиш, како би изгледал твојот живот доколку го отстраниш целиот стрес?
- Како можеш да престанеш да даваш моќ на стресот во твојот живот?
Опис за овој план
Стресот е реален, но не мора да управува со твојот живот. Преку Христос, можеме одново да го формулираме, фокусираме и дефинираме. Ако се бориш со стрес, провери го овој 5-дневен библиски план за да научиш како да најдеш слобода и мир.
More