Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Наоѓање слобода од стресПримерок

Finding Freedom From Stress

2 ДЕН ОД 5

На што ставаш акцент?

Една од првите дефиниции за „стрес“ беше „затегнатост“ што е прилично точен опис за тоа како се чувствуваме под стрес. Се чувствуваш како да не можеш да дишеш или да размислуваш - како нешто да те ограничува. Неколку години подоцна, значењето на зборот се прошири и на зборот му беше дадено фигуративно значење. Некои од првите дефиниции беа: „да се стави акцент“ или „да се изврши притисок на нешто со тоа што ќе се ослониш на истото“. 

Ете, полн погодок, нели? Кога сме под стрес, ставаме акцент на нашите проблеми. И понекогаш е добро, но треба да се запрашаме, дали ставаме поголем акцент на нашите проблеми или на Бог? 

Исус зборува за ова во Матеј 6, објаснувајќи дека не треба да се загрижуваме за тоа што нѐ очекува следно во нашите животи. Наместо тоа, Тој нè повикува да Му веруваме на Бог. Тој нè повикува да размислиме дали навистина веруваме дека Тој е добар Татко што се грижи за нас. Ако навистина веруваме дека Тој го сака најдоброто за нас, тогаш можеме да престанеме да се грижиме толку многу за тоа што е пред нас. 

Особено впечатливи се овие зборови на Исус: „Но, барајте го првин царството Божјо и Неговата правда, и сè тоа ќе ви се додаде." (Матеј 6:33) 

Исус знае подобро од нас што нам ни е потребно овде на Земјата. Но, толку сме преокупирани со обидот да живееме убав живот, што забораваме да се фокусираме на вечноста. Знаеме дека овој свет не е наш дом, но многу често може да ја идолизираме удобноста. Причината за нашиот стрес ни открива за што се грижиме. Доколку секогаш сме под стрес кога сакаме да постигнеме нова голема работа за нас, мора да се запрашаме дали нашите срца се во склад со Божјето царство или сме фокусирани кон создавање на свое царство. 

Секако дека треба да ги користиме даровите и талентите дадени од Бог за да донесеме промена на Земјата, и не е ништо лошо да се биде амбициозен, но сепак треба да бидеме сигурни дека нашите приоритети се поставени правилно. Побарај го прво Неговото кралство, тогаш сè друго ќе ти се додаде. 

Значи, додека размислуваш за твојот стрес, запрашај се на што се потпираш? На што ставаш акцент? 

Фокусирај се најпрво на Бог. Избери да веруваш дека Тој е добар Татко кој може да се грижи за тебе. Додека го насочуваш фокусот од себе кон Бог, можеби ќе се воодушевиш што твојот стрес веќе нема да изгледа толку огромен. 

Дискусија

  • Искрено одговори на што во последно време ставаше акцент?
  • На кои начини можеш да го свртиш фокусот од стресот кон Бог? 
Ден 1Ден 3

Опис за овој план

Finding Freedom From Stress

Стресот е реален, но не мора да управува со твојот живот. Преку Христос, можеме одново да го формулираме, фокусираме и дефинираме. Ако се бориш со стрес, провери го овој 5-дневен библиски план за да научиш како да најдеш слобода и мир.

More

Благодарни сме на Life.Church за реализацијата на овој план за читање. За повеќе информации, посетете го: https://www.life.church/