Наоѓање слобода од стресПримерок
Имаш пристап до совршен мир
Ако доволно долго се имаш справувано со стрес, сфаќаш дека можеш да го одолжиш, да се справиш со него и да го преживееш, но не можеш да го надминеш со свои сили. Стресот е хаос на умот. Тој реагира на променливите околности што нè прават да се чувствуваме загрозени, исплашени, нервозни или загрижени. Но, иако не можеме да го надминеме стресот сами, ние имаме пристап до противотровот - мир.
Исус е опишан како „Принц на мирот“ во Исаија 9. Исус беше и сè уште е исполнување на мирот. Кога Исус беше на земјата, Тој им вети на своите ученици дека ќе го даде и остави својот мир кога ќе се врати на небесата. Не постои мир без Него. Мирот е исто така еден од плодовите на Светиот Дух, па затоа е очигледно и разбирливо дека е прилично важен.
Многу луѓе тврдат дека можат да донесат мир во нашите животи, дали тие лично или преку некои други работи, како што се: техники за самопомош, написи за медитација, списанија и други најразлични работи. Секако дека секоја од овие можности си има свое влијание, но не постои замена за вистински, совршен мир што може да се најде само во Бог.
Во Библијата, едно од основните значења на зборот мир доаѓа од еврејскиот збор Шалам, што значи целосност. И, затоа не е ни чудо што не можеме сами да постигнеме мир. Ние сме скршени луѓе и тоа што го бараме не е само едно решение за стресот. Нашата крајна цел е заздравување. Само Бог може да ги земе скршените парчиња од нашите животи и да ги донесе до комплетност или целост. Тоа е она што Тој го прави и кој Тој е.
И еве уште добри вести - имаме и пристап до Божјиот мир. Исаија исто така напиша дека можеме да имаме совршен мир ако нашите умови се насочени кон Бог. Навраќајќи се на значењето на зборот стрес, разбираме како можеме да ставиме акцент на Бог, наместо на нашиот проблеми.
Светиот Дух ни помага да најдеме мир, а Исус ни го нуди Неговиот мир ако го побараме тоа. Затоа, денес, знај дека не можеш со свои сили да го надминеш стресот, но можеш да го побараш Оној кој може. И во процесот може да најдеш подлабоко заздравување.
Дискусија
- На какви начини се имаш обидувано, со свои сили да најдеш мир?
- Како можеш да започнеш да го бараш вистинскиот мир?
- Кои се оние скршени места во твојот живот на кои им треба заздравување и исполнетост?
Опис за овој план
Стресот е реален, но не мора да управува со твојот живот. Преку Христос, можеме одново да го формулираме, фокусираме и дефинираме. Ако се бориш со стрес, провери го овој 5-дневен библиски план за да научиш како да најдеш слобода и мир.
More