Освалд Чемберс: Мир - Живот во духотПримерок
Помраченото срце е ужасна работа, бидејќи може човекот да го направи помирен со тоа. Човекот вели: „Моето срце не е лошо, нема грев; сето ова зборување за нановораѓањето и исполнувањето со Светиот Дух е апсурдно.“ На природното срце му треба Христовото Евангелие, но тој тоа не го сака и ќе се бори против него и потребно е уверувањето на Божјиот Дух за да ги убеди мажите и жените дека треба да го искусат радикалното дело на милоста во нивните срца.
Постојат моменти кога внатрешниот мир е основан врз незнаење; но кога ќе се разбудиме во невољите во животот, кои како никогаш претходно избиваат и возбудуваат во вознемирувачки бранови, внатрешниот мир станува невозможен, освен ако не е примен од нашиот Господ. Кога нашиот Господ зборува за мир, Тој и создава мир. Дали некогаш го имаш примено тоа што Тој го рекол?
Прашања за размислување: „Каков мир имам: дали тој што доаѓа од исповедањето кој сум и помирувањето со Бог или оној што доаѓа од незнаење кој сум и живеење во негирање?“
Цитати преземени од „Biblical Psychology“ и „Christian Discipline“, © Discovery House Publishers

Свето Писмо
Опис за овој план
„Мир: Живот во Духот“ е инспирационо богатство на цитати од делата на Освалд Чемберс, светски познат писател на инспиративни приказни и автор на делото „Моето најдобро за Неговото Височество“ (My Utmost for His Highest). Најди засолниште во Бога и постигни подлабоко разбирање за важноста на Божјиот мир во твојот живот.
More
Благодарни сме на Discovery House Publishers за овој план. За повеќе информации, види: www.utmost.org