Освалд Чемберс: Мир - Живот во духотПримерок
Кога се советуваме со Исус Христос околу туѓите животи, сета збунетост исчезнува, бидејќи во Него нема збунетост и нашата грижа треба да е за тоа како да останеме во Него. Нека да бидеме сигурни во Неговата мудрост и Неговата увереност дека сѐ ќе биде во ред. „Тој останува верен, бидејќи Сам Себе не може да се одрече.“ (2 Тим. 2:13). Песната на ангелите сѐ уште е вистинита: „Слава на Бога во висините и мир на земјата меѓу луѓето кои се по Неговата волја.“
Патот до внатрешниот мир е во тоа да сите нешта се во согласност со Божјата волја. Согласни на тој начин што сите работи ќе се одвиваат и ќе завршат според тоа како биле предвидени да се случат, а не да дојдеме до спознавање на оваа вистина и сепак да живееме еден суров и огорчен живот, постојано без одмор и без хумор, без да чекориме по патот на мирот кој се состои во целосна прилагоденост под Божјата волја.
Прашања за размислување: Кои збунетости го вознемируваат мојот мир? Кои дела на мир ги очекувам од останатите а за кои јас лично немам спремност да ги направам? Во кои работи сѐ уште треба да се прилагодувам за да бидам според Божјата волја?
Цитати преземени од „Christian Discipline“, © Discovery House Publishers

Свето Писмо
Опис за овој план
„Мир: Живот во Духот“ е инспирационо богатство на цитати од делата на Освалд Чемберс, светски познат писател на инспиративни приказни и автор на делото „Моето најдобро за Неговото Височество“ (My Utmost for His Highest). Најди засолниште во Бога и постигни подлабоко разбирање за важноста на Божјиот мир во твојот живот.
More
Благодарни сме на Discovery House Publishers за овој план. За повеќе информации, види: www.utmost.org