Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Сè што е новоПримерок

All Things New

5 ДЕН ОД 5

Запомнете дека Павле им објаснил на Коринтјаните дека одложувањето на неговото патување било од искрено срце.

Искреноста е нешто кое го губи својот квалитет во нашево време, потисната е со манипулација, искривување на вистината, пасивно-агресивни одговори, лажење и ласкање. Колку би било побогато телото на Христос, ако бевме чисти и искрени еден кон друг, како и кон оние во светот?

Ние не можеме намерно да им кажуваме на луѓето да, кога навистина мислиме не , или да кажеме не, кога навистина мислиме да, но тоа го правиме на посуптилни начини.

Ако застанавме овде, ќе имаме навистина корисна лекција за интегритет и искреност.Но, Павле има повеќе за нас отколку едноставно да го полни нашиот мерач на интегритет.

Разликата на христијанската вера е дека не станува збор само за постигнување на морални мерила или наликување на христијани кои се однесуваат добро за да бидат навистина добри луѓе. Павле веќе поминал поголем дел од својот живот во таа потрага, постигнувајќи највисоко Еврејско образование, бил член на рисеите, се обучувал од врвен рабин и беспрекорно извршувал самоправедност .Но, тој сфатил дека целата негова „добрина“ не претставува ништо друго освен ѓубре ( Фил. 3: 8).

Сега, кога тој ги брани своите постапки пред Коринтјаните, поентата му е дека неговата неуспешност и неефективност кон нив, ќе се спротивстави на едно од неговите основни верувања: дека Бог е верен. Тој не може да лаже.Тој не може да го врати Својот Збор. Тој даде завет за ветување дека ќе ги искупи своите деца, и секое ветување вклучено во тоа е „да“ во Исус.И Исус е Божјото ДА за нас, за животот со значење и надежта за која копнееме (2 Кор. 1: 19-20). Со други зборови, „Зашто, се што е во врска со [Исус], секое последно од Божјите ветувања, прима - да„ за одговор “.Ако Бог е непостојан со Неговите да и не, тогаш и Павле ќе биде.

.

Можеби и една од причините што не сме секогаш искрени или директни во нашите односи е затоа што не сме засновани во „да“ на Христа. Знам дека сум правел трикови и понекогаш манипулирал со ситуации, затоа што сакав да го направам животот онаков како што јас сакам. Држењето до да или не можеби нема да ни попречи во таа цел. Но, кога можам да верувам во верноста на Бога и на неговиот карактер и со тоа да владеам над мојот живот, тогаш не мора да бидам манипулативен или неискрен.

Како што доаѓаме до крајот на ова проучување, кој ви беше најуверувачки дел за вас?

Ден 4

Опис за овој план

All Things New

Во ова патување низ Книгата на 2 Коринтјани, планот „Сè што е ново“ ја истражува теологијата на Павле за авантуристичка вера во овој свет и Божјиот повик за нас да бидеме смели. Кели Минтер ни помага да разбереме како христијанското чекорење може да изгледа спротивно на нашите природни тенденции, но докажува дека е бесконечно и вечно подобро. Во овој 5-дневен план за читање, ќе истражувате прашања како што се: како да се справите со тешки врски, да му верувате на Бога со вашата репутација, да го втемелите вашиот идентитет во Христа, да ја разберете целта на страдањето и Божјата одредба во него и како треба да бидеме светилки на Евангелието во светот.

More

Би сакале да се заблагодариме на LifeWay Women за обезбедувањето на овој план. За повеќе информации, посетете ја: http://www.lifeway.com/allthingsnew