Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринтјаните 1:12-24

2 Коринтјаните 1:12-24 MK2006

Бидејќи нашата пофалба е оваа: сведоштво на нашата совест дека со простодушност и искреност пред Бога, а не со телесна мудрост, туку со Божја благодат живееме на светот, особено, пак, меѓу вас. Зашто друго не ви пишуваме, освен она што го читате и разбирате, па се надеваме дека и до крај ќе го разберете, како што веќе донекаде и разбравте дека ние сме ваша пофалба, како и вие наша, во денот на нашиот Господ Исус Христос. И со таа увереност се готвев да дојдам кај вас порано, та повторно да при­мите благодат, и преку вас да заминам за Ма­ке­до­нија, а од Македонија пак да дојдам кај вас, та вие да ме придружите до Јудеја. Но, сметајќи го ова, можеби лес­но­мислено постапив? Или, пак, што се на­канував, по телото ли се наканував, та моето „Да“ да биде и „Не?“ Но Бог е сведок дека нашиот збор до вас не беше „Да“ и „Не.“ Зашто Синот Божји, Исус Христос, Кого Го проповедавме меѓу вас јас и Силван и Тимотеј, не беше „Да“ и „Не“, туку во Него беше „Да“, бидејќи сите ветувања Божји во Не­го се „Да“, и во Него „Амин“, за слава Божја преку нас. Бог е Оној Кој нѐ утврди со вас во Христос и нѐ помаза; Тој и нѐ запечати и ни даде залог на Духот во срцата наши. А јас Го повикувам Бога за сведок на мојата душа дека, штедејќи ве вас, не дојдов во Коринт досега; но не како ние да владееме со верата ваша, туку сме соработници на ваша­та радост, бидејќи во верата вие сте цврсти.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со 2 Коринтјаните 1:12-24