Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Сè што е новоПримерок

All Things New

1 ДЕН ОД 5

Христијанскиот живот навистина претставува еден парадокс. Она што му е мило на Исус е во спротивност со она кон кое ние природно тежнееме.

Втора Коринтјани е писмо на спротивности. Тоа е писмо за една авантуристичка вера во која целата надеж ја предаваме на Бог, иако вербата во нашата сила и гордост скоро секогаш се чини побезбедна и попозната. Станува збор за постојан мириот на океанскиот под на нашите души, што доаѓа кога нашите гревови веќе не се сметаат, затоа што Бог го испрати Својот Син Исус во светот, кој ги презеде нашите гревови врз себе. Павле ова го нарекува помирување.

Кога Павле пристигнал во раните 50-ти години п.н.е. во Коринт, тој бил на врвот на неговиот развој. Како комерцијален епицентар на јужна Грција, Коринт бил просперитетен, богат и се движел во мешавина од римска и грчка култура. Античкиот град Коринт се пофалил со сè што можел некогаш да посака. Но, како што знаеме: да имаме пристап до сè што некогаш би можеле да посакаме, не секогаш завршува во тоа што мислиме дека сакаме.

Богатството на културата на Коринт имало и падови, како и нашите сопствени денешни градови. Проституција, ропство и сексуална перверзија од секаков вид преовладувале на негова територија. Лажните богови биле насекаде.

Ова писмо го сметам за охрабрувачко, затоа што ако црквата можела да работи во Коринт, таа може да работи на местата каде што сме вие и ние. Признавам, дека понекогаш мислам дека нашиот свет е предалеку со злоупотреба, расизам и морално омаловажување. Меѓутоа, ако евангелието на Исус успеа да ги трансформира проститутките од Коринт, богатите угнетувачи, паганите и водачите на синагогата, тогаш добрата вест за Исус Христос може да ги преобрази и луѓето денес во нашите градови. И иако понекогаш сум во искушение да мислам дека луѓето на Бога се наоѓаат само во религиозни места, Бог го имаше својот народ во Коринт. Исто како што не има и мене и тебе, во културните средини во кои ние живееме. Втора Коринтијани не потсетува дека Божјата црква свети најмногу во темнината, отколку во веќе осветлените светилишта.

Додека го проучувате Втора Коринтјани, бидете во потрага по спротивности. Забележете го начинот на кој Павле безусловно ги сака Коринтјаните. Како што ги разгледувате впечатливите разлики, никогаш не заборавајте дека сте овластени да живеете убаво и бесрамно издвоено, затоа што - по смртта и воскресението на Исус - старото поминало, новото доаѓа. Последен пат кога проверив, старото и новото се толку многу спротивни колку што доаѓаат.

Ден 2

Опис за овој план

All Things New

Во ова патување низ Книгата на 2 Коринтјани, планот „Сè што е ново“ ја истражува теологијата на Павле за авантуристичка вера во овој свет и Божјиот повик за нас да бидеме смели. Кели Минтер ни помага да разбереме како хр...

More

Би сакале да се заблагодариме на LifeWay Women за обезбедувањето на овој план. За повеќе информации, посетете ја: http://www.lifeway.com/allthingsnew

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност