Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Сè што е новоПримерок

All Things New

2 ДЕН ОД 5

Јас еднаш мислев дека ако го сакам Бога и направам цврсти, библиски избори, ќе бидам благословен со некоја верзија на навистина добар живот, без да треба да доживеам срцев удар или катастрофа или болест. Како што стареев, јас постепено сфатив дека следењето на Бог, не го гарантира овој премиум пакет, оваа безбедност. Сепак, некако чувствував дека ако јас го направам моето, тогаш Бог би бил должен да го направи своетото: да ми изгради таков вид на живот каков што го сакаме во Америка и да ме заштити од болка.

Да се разбериме, јас верувам дека послушноста дава благослов и дека Бог се радува кога ни дава материјални и посебни подароци, честопати како одговор на тоа што го следиме Него. Сепак, моето разбирање за тоа колку страдањето се вклопува или не се вклопува во големата парадигма на христијанската вера беше недоволно.Библијата открива дека страдањето има свое место во нашите животи, дури и Евреите 2:10 објаснува дека Исус станал совршен преку страдањето. Она за кое пропуштив да се залагам за да ми биде добро и да се обидам да се заштитам од сето она што се плашев „да не дојде врз мене“ (според зборовите на Јов) беше навистина едноставно: страдањето е дел од благословот.

Мислата за страдањето не треба да ни создава терор во нашите срца, затоа што Бог е особено присутен во нашето страдање. Но, не треба ниту да се бориме за живот во болка, мачеништво и жртвување во името на Исус. Во крајна линија, не треба да се плашиме од страдањето, но не треба ниту да го бараме под камења.

Павле го отвара писмото до Коринтјаните со тоа што им давадо знаење две од карактеристиките на Бог што нè пресретнуваат во нашите маки (неволја или страдања). Забележите дека Павле не рекол дека Бог е милосрден Татко, иако е , туку дека тој е Таткото на милоста. Тој е самиот извор и потеклото на сето сочувство. Тој е прв и единствен извор на сочувство - Таткото од кого се влева сето сочувство. Ова е спротивно на парадигмата за оној што го гледа Бога како некој што само повремено се врти на Неговата љубезна страна.

Да го разгледаме оригиналниот јазик на зборот милосрдие (сочувство).Тоа значи „Утроба во која престојува сочувството, срцето на сочувството, емоции, копнеж, манифестации на сожалување“ или „внатрешните делови“. Според Светото Писмо, сакам да чуете денес дека Господ чувствува за вас. Тој сочувствително и милосрдно ве сака.

Ден 1Ден 3

Опис за овој план

All Things New

Во ова патување низ Книгата на 2 Коринтјани, планот „Сè што е ново“ ја истражува теологијата на Павле за авантуристичка вера во овој свет и Божјиот повик за нас да бидеме смели. Кели Минтер ни помага да разбереме како христијанското чекорење може да изгледа спротивно на нашите природни тенденции, но докажува дека е бесконечно и вечно подобро. Во овој 5-дневен план за читање, ќе истражувате прашања како што се: како да се справите со тешки врски, да му верувате на Бога со вашата репутација, да го втемелите вашиот идентитет во Христа, да ја разберете целта на страдањето и Божјата одредба во него и како треба да бидеме светилки на Евангелието во светот.

More

Би сакале да се заблагодариме на LifeWay Women за обезбедувањето на овој план. За повеќе информации, посетете ја: http://www.lifeway.com/allthingsnew