7 работи што Библијата ги вели за неспокојПримерок
Да се живее во сегашниот момент може да биде тешко. Tешко е едноставно да уживаш денес, во тоа што го имаме денес и со оние со кои живееме денес. Имаме толку многу барања за нашето внимание, барања на термин во нашите распореди и барања за нашата ментална сила. На моменти, можеби се чини невозможно денес да се концентрираме, бидејќи утрешните грижи веќе се наметнуваат врз нас.
Исус ни кажа нешто радикално - рече да не се грижиме за утре. Во Матеј 6:34 Исус ни кажува дека ќе нè опреми да се справиме само со денешната неволја—не утрешната, не таа од следната недела или следниот месец.
Некои денови се потешки од другите. Лесно е за мене да не се грижам за утре кога „утре“ е опуштена сабота. Но, станува многу потешко кога утре е ден кога имам важен состанок (или закажан термин на забар!)
.Кога се грижиме за утре и за тоа што утрешниот ден би можел да донесе, ние се обидуваме да контролираме нешто што всушност е под Негова контрола, а не наша. Ако сме искрени со самите себе, навистина не знаеме што може да се случи утре. Ние дури и не знаеме што ќе се случи подоцна во текот на денешниот ден! Сепак, можеме да го знаеме Оној кој го контролира денешниот ден. И утрешниот. И вечноста.
Одвој време денес да се одмориш во овој факт. Искуси го и уживај во овој момент, во овој ден, знаејќи дека Бог ги држи во своите раце и денес и утре. Дозволи Неговиот мир да го направи „денешниот ден“ значаен.
Кејси Кејс
Раководител на поддршка во YouVersion
Свето Писмо
Опис за овој план
Секој ден има потенцијал да донесе нови и сложени предизвици во нашите животи. Исто така, секој нов ден може да ни даде нови и возбудливи можности. Во овој седумдневен план, членовите на тимот на YouVersion ќе ти помогнат да ја примениш вистината на Божјото Слово во секоја ситуација со која се соочуваш денес. Секој ден на читање, исто така, содржи слика со стих што ти помага да го споделиш тоа што ти го кажува Бог.
More