Лого на YouVersion
Икона за пребарување

7 работи што Библијата ги вели за неспокојПримерок

7 Things The Bible Says About Anxiety

2 ДЕН ОД 7

Понекогаш се случуваат работи кои не можеш да ги контролираш или предвидиш. Неспокојот се појавува кога поминуваме време нагласувајќи ги. Без разлика дали се загрижуваш затоа што се наближува некој краен рок или живееш во хронична презагриженост, ти не си сам/а. Можеби е неразбирливо за тебе, но Бог има подготвено големи надежи за оние кои, среде хаос, застануваат доволно долго за да го слушнат Неговиот глас.

Римјаните 15:13 е молитвата на апостол Павле упатена до дел од христијаните во Рим. Ако слушаш внимателно, можеш да го чуеш гласот на Бог како ти зборува лично тебе. Павле внимателно избира зборови кога го користи изразот „Бог на надеж.“ Го разбираш тоа? Надежта е дел од природата на Бог. Павле не бара од Бог едноставно да ја отстрани нивната вознемиреност. Може ли Бог да ја отстрани? Се разбира, но тој знае дека Римјаните повторно би се качиле на истиот брод на вознемиреност ако не го променат своето размислување. Наместо тоа, тој бара Бог да ги наполни со „целата радост и мир“ затоа што кога навистина сме исполнети со радост и мир, кај нас нема место за вознемиреност.

Сè уште не е толку едноставно. Бог можел да ги вклучи Римјаните во Неговото бесконечно снабдување со радост и мир, да ги наполни нивните духовни резервоари, не оставајќи простор за вознемиреност. Но, Бог знае дека освен ако не ги сменат менталните навики, радоста и мирот на крајот ќе ѝ дадат место на вознемиреноста. Затоа Тој нè прашува една работа пред да ни ги додели радоста и мирот од рајот. Вториот дел од реченицата вели дека тоа е „со вера во Него.“

Дали сега гледаш? Верата е клучот што ја отвора вратата за мирот и радоста да ја надвладеат вознемиреноста. Дали веруваш во Бога? Не површно, не само со зборови - туку доверба која ти овозможува да ги препуштиш сите работи кои ги држиш цврсто во своите раце.

Дали верата е „волшебна напивка“? Не. Не постои „волшебна напивка“ што може веднаш да ги отстрани сите траги на длабоко вкоренетата биолошка вознемиреност, но вербата во Бога го води твојот ум и дух кон заздравување. Тој може да биде карпата на која стоиш и се држиш додека продолжуваш да се бориш со неспокојот во тебе.

Бог е достоен за нашата најдлабока доверба. Кога Му веруваш, Тој те исполнува со толку многу радост и мир што буквално те преполнува со надеж. Можеби немаш идеја какво чувство е тоа и можеби ти е навистина тешко да му веруваш на Бог, но суштината на верата е да излезеш и да ризикуваш кога не ти е сосема јасно што ќе се случи следно.

Можеш ли да најдеш храброст да ги пуштиш од раце работите кои цврсто ги држиш и да веруваш во Бог денес?

Мајкл Мартин
Веб програмер во YouVersion

Свето Писмо

Ден 1Ден 3

Опис за овој план

7 Things The Bible Says About Anxiety

Секој ден има потенцијал да донесе нови и сложени предизвици во нашите животи. Исто така, секој нов ден може да ни даде нови и возбудливи можности. Во овој седумдневен план, членовите на тимот на YouVersion ќе ти помогнат да ја примениш вистината на Божјото Слово во секоја ситуација со која се соочуваш денес. Секој ден на читање, исто така, содржи слика со стих што ти помага да го споделиш тоа што ти го кажува Бог.

More

Овој план беше напишан и овозможен од тимот на YouVersion. Посети ја youversion.com за повеќе информации.