Лого на YouVersion
Икона за пребарување

7 работи што Библијата ги вели за неспокојПримерок

7 Things The Bible Says About Anxiety

4 ДЕН ОД 7

Во книгата на Римјаните, Павле вели дека во моментот кога ќе исповедаш дека Исус е твој Господ и Спасител, ти стануваш дел од семејството на Бог, и Тој станува твојот Татко. Бог не е обичен татко. Твојот земски татко е човек и грешник. Што значи дека тој те изневерил во минатото…и веројатно ќе те изневери во иднина.

Бог е совршен и добар. Никогаш нема да те изневери. Софонија 3:17 ја опишува неверојатната љубов на небесениот Татко за тебе, велејќи: „Тој е со тебе, ти се радува и воскликнува радосно над тебе.“ Софонија исто така вели дека Бог е твојот заштитник и утешител. „Со својата љубов Тој ќе ги смири твоите стравови.“

Псалм 139 вели дека Бог бил со тебе уште од почетокот на твоето растење во мајчината утроба и ќе биде со тебе каде и да одиш. Ти си ремек-дело на Неговото создавање и Тој е твојата најголема поддршка во патувањето да откриваш и живееш за сѐ за што те создал.

Замисли го ова: бебето лежи во кревет во длабок сон додека бурата расте со интензитет, а ноќта минува. Ненадејно, молња и грмотевици го будат од сон и по плачот за помош, татко полн со љубов трча и ги витка рацете околу бебето. Исто како тој татко, Бог е секогаш достапен за тебе. Со Неговата љубов, Тој ќе ги смири сите твои стравови.

Килин Херсак
Инженер за Android во YouVersion

Ден 3Ден 5

Опис за овој план

7 Things The Bible Says About Anxiety

Секој ден има потенцијал да донесе нови и сложени предизвици во нашите животи. Исто така, секој нов ден може да ни даде нови и возбудливи можности. Во овој седумдневен план, членовите на тимот на YouVersion ќе ти помогнат да ја примениш вистината на Божјото Слово во секоја ситуација со која се соочуваш денес. Секој ден на читање, исто така, содржи слика со стих што ти помага да го споделиш тоа што ти го кажува Бог.

More

Овој план беше напишан и овозможен од тимот на YouVersion. Посети ја youversion.com за повеќе информации.