7 работи што Библијата ги вели за неспокојПримерок
Во животот, ќе се соочиш со многу тешки ситуации. Освен ако не се подготвиш однапред за таква реалност, може да доживееш стрес кога ќе се појават. Еден начин на кој можеш да го победиш неспокојот е да се опкружиш со вистински луѓе - оние кои можат да ти помогнат во таа борба. Ако некој предизвик се чини тежок за да се надмине, можноста да го споделиш твојот товар со некого може да ти помогне, па дури и да го реши проблемот.
Исус ти дава мир на едно друго ниво. Тој е секогаш со тебе, кога и каде да ти треба. Кога животот ти носи предизвици, удобно е да знаеш дека Исус е токму таму со тебе за да ти помогне да ја надминеш секоја пречка. Како што Му се приближуваш, така ќе почнеш сè повеќе да чувствуваш мир - дури и во тешки ситуации…дури и во сред борба со вознемиреноста.
Кога увереноста и надежта ти се во Господ наместо во себе (или во твоите околности), тешкотиите во животот нема да изгледаат толку тешки. Ќе имаш помалку неспокој и ќе имаш повеќе мир затоа што знаеш дека Исус е со тебе без разлика низ што поминуваш. Исто како што зголемувањето на твоето знаење ти помага при испити или проекти, така и зголемувањето на верата ти помага да се потпираш на Исус.
Не мора сам/а да поминуваш низ ова. Исус е тука за тебе. Доведи ги твоите вознемирени мисли пред Него затоа што Тој се грижи за тебе.
Рајан Акерман
Програмер за iOS во YouVersion
Свето Писмо
Опис за овој план
Секој ден има потенцијал да донесе нови и сложени предизвици во нашите животи. Исто така, секој нов ден може да ни даде нови и возбудливи можности. Во овој седумдневен план, членовите на тимот на YouVersion ќе ти помогнат да ја примениш вистината на Божјото Слово во секоја ситуација со која се соочуваш денес. Секој ден на читање, исто така, содржи слика со стих што ти помага да го споделиш тоа што ти го кажува Бог.
More