Библиска перспектива за социјалната променаПримерок
Триумф
Исус не сака на луѓето нешто да ѝм недостасува. За ова може да прочитаме во евангелието по Марко. Тој се сочувствува со луѓето и сака да бидат нахранети. Во секој случај, методот кој Исус го применува е преку партнерство со учениците кои имаат клучна улога во обезбедувањето на храна, која пак, откако е умножена, тие имаа задача да ја поделат помеѓу луѓето.
Исус сака да ги препознаеме ресурсите кои нѝ ги дал, без разлика колку неприкладно нѝ изгледаат и да ги искористиме на најдобар начин со цел да ги задоволиме нашите потреби.
“На Исус му е потрено она кое можеме да му го дадеме. Тоа можеби не е многу, но Него му е потребно. Можеби му скратуваме на светот да посведочи за некое чудо или триумф со тоа што не му го предаваме на Исус она што го имаме, а ни самите себе такви какви што сме.
Ние не знаеме што се Исус може да направи со нас и преку нас кога би се вложиле себеси во Негова служба. Можеби би се засрамиле што не можеме да понудиме повеќе – и со право, но сепак тоа не претставува доволно добра причина за да не го принесеме тоа што го имаме. Тоа малку е секогаш многу во рацете на Христос.”
-Вилијам Барклеј
Размисли:
На кој начин сака Исус да соработува со нас со цел да ѝм помогне на луѓето? Кои конкретни чекори ги бара Тој од тебе со цел да помогнеш да бидат задоволени потребите на оние околу тебе?
Свето Писмо
Опис за овој план
Многумина од христијаните се загрижени за задоволување на своите духовни или физички потреби, но од какви приоритети имаме потреба ние како христијани? Што пишува во Библијата на оваа тема?
More