Марко 6:39-44
Марко 6:39-44 MK2006
Тогаш Исус им рече на сите да поседнат на купчиња по зелената трева. И поседнаа во групи по сто и по педесет. Тој ги зеде петте леба и двете риби, па, погледна кон небото, ги благослови лебовите и ги прекрши, и им ги даде на учениците Свои, за да им ги стават пред нив; исто така им ги раздели и двете риби на сите. И јадеа сите и се наситија. И собраа парчиња, од лебот и од рибите, полни дванаесет кошеви. А оние, што јадеа од лебовите, беа околу пет илјади мажи.


