Марко 6:39-44
Марко 6:39-44 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тогаш Исус им рече на сите да поседнат на купчиња по зелената трева. И поседнаа во групи по сто и по педесет. Тој ги зеде петте леба и двете риби, па, погледна кон небото, ги благослови лебовите и ги прекрши, и им ги даде на учениците Свои, за да им ги стават пред нив; исто така им ги раздели и двете риби на сите. И јадеа сите и се наситија. И собраа парчиња, од лебот и од рибите, полни дванаесет кошеви. А оние, што јадеа од лебовите, беа околу пет илјади мажи.
Марко 6:39-44 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Тогаш Исус им даде упатства на учениците да ги поседнат луѓето на тревата, во групи. Луѓето седнаа во групи од по сто и по педесет. Исус ги зеде петте леба и двете риби, го поткрена погледот кон небото, ги благослови лебовите и ги раскрши. Потоа им ги подаваше на учениците кои им ги даваа на луѓето. На ист начин им делеше на сите и од двете риби. Сите јадеа до наситување, а учениците собраа и дванаесет полни кошници со парчиња што преостанаа од лебот и од рибите. Оние што јадеа беа на број околу пет илјади машки глави, не сметајќи ги жените и децата.
Марко 6:39-44 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тогаш Исус им рече на сите да поседнат на купчиња по зелената трева. И поседнаа во групи по сто и по педесет. Тој ги зеде петте леба и двете риби, па, погледна кон небото, ги благослови лебовите и ги прекрши, и им ги даде на учениците Свои, за да им ги стават пред нив; исто така им ги раздели и двете риби на сите. И јадеа сите и се наситија. И собраа парчиња, од лебот и од рибите, полни дванаесет кошеви. А оние, што јадеа од лебовите, беа околу пет илјади мажи.
Марко 6:39-44 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И им заповеда да ги наместат сите по групи, на зелената трева. И прилегнаа во групи по сто и педесет. И ги зеде петте лебови и двете риби, погледна кон небото, благослови и ги раскрши лебовите, па им даваше на учени-ците да ги ставаат пред нив; и двете риби им ги раздели на сите. И сите јадеа и се наситија. И кренаа дванаесет кошници полни со лебни залаци, и од рибите. А оние кои јадеа леб, беа околу пет илјади мажи.