Библиска перспектива за социјалната променаПримерок
Нудејки се себеси
Во денешните стихови (Марко 6:35-36) ги наоѓаме учениците во слична ситуација со која се соочуваме и ние како сопатници на Исус во денешницата.
Преморени од потребите кои доаѓаат со Исусовото следбеништво во служба на луѓето, учениците сакаа да се одморат но нивната кратка пауза беше прекината со насобирањето на огромна група луѓе која без сомнеж имаше многу потреби и барања.
Како што надоаѓаше ноќта учениците беа известени дека групата не покажува знаци дека ќе си замине дома иако местото е пусто и нема храна. Импулсот ги натера да го замолат Исус да ѝм каже да си заминат бидејки нема што повеќе да направат.
Често нѝ се случува и нам да го направиме истото со оние кои имаат потреба која е поголема од нашиот капацитет да се справиме со неа. Имаме тенденција да се фокусираме на проблемите наместо на можностите за решение, подеднакво како и учениците, се обидуваме да го притиснеме проблемот на Исус да го реши наместо да го прашаме Него на кој начин може да соработуваме и да го решиме заедно. Многу од нашите молитви наликуваат на барањето на учениците—Исусе, те молам превземи ја одговорноста од нашите раце!
Размисли:
Без Божјата верност би се измачувале да сврземе крај со крај без никаква надеж дека животот може да се промени, но Божјиот збор е посаден во срцата на оние кои веруваат и поттикнува апетит да работиме заеднички со цел да ја видиме Неговата сила која може да трансформира.
Учениците поседуваа ограничени ресурси, сепак Исус ги умножи за да можат да ја нахранат огромната група на луѓе. Какви ресурси имаш кои Бог би можел да ги умножи и искористи за благослов на твојата заедница? Не станува збор само за материјални добра туку и за вештини или за време.
Свето Писмо
Опис за овој план
Многумина од христијаните се загрижени за задоволување на своите духовни или физички потреби, но од какви приоритети имаме потреба ние како христијани? Што пишува во Библијата на оваа тема?
More