Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Библиска перспектива за социјалната променаПримерок

A Biblical View On Social Change

4 ДЕН ОД 5

Снабдување

Имало ли период во животот кога те преоптоварувала големината на предизвикот или задачата со која треба да се соочиш? Какво било чувството? Како реагираше?

Мојата пријателка Марија ја обзеде такво чувство поради тоа што нејзиниот живот во Уганда беше многу тежок. Нејзиниот сопруг исчезна, а таа остана сама со четири мали деца. Тие живееја во колиба од кал со сламен покрив и имаа само една коза. Марија работеше секогаш кога има прилика и заработуваше толку малку што никогаш не беше доволно, поради што владееше глад во нејзиното семејство. Очигледно е дека немаше доволно ни да се плати за школарината на децата.

Еден ден Марија слушна за Библиските проучувања во нејзината локална црква и таа започна да присуствува на нив иако не беше верник. Кога Марија ја слушна приказната за како Исус нахранил пет илјади луѓе во еден ден, таа сфати дека Исус се грижи за гладните луѓе! Библиската група проучуваше на кој начин Исус ги охрабрувал Неговите ученици да соработуваат со цел да бидат сите нахранети. Марија заедно со другите од групата беа инспирирани да планираат различна иднина заедно со своите деца.

Марија и нејзиното семејство засадија жито со цел да го продадат, со парите од житото успеа да купи и неколку кокошки, подоцна купи и неколку прасиња и две крави. Оваа иницијатива имаше големо влијание врз нивниот живот, воведе балансирана исхрана, си купија облека, платија за школување на децата, за подобар дом и лековите кои беа потребни.

Марија зрачи денес. Таа има прекрасна врска со Бог и согледува како Бог им помогна да можат да си го обезбедат она што им е потребно за живот.

Размисли:

Какво охрабрување можеш да извлечеш од оваа приказна во однос на предизвиците во нашето општество и недостигот на ресурси?

Свето Писмо

Ден 3Ден 5

Опис за овој план

A Biblical View On Social Change

Многумина од христијаните се загрижени за задоволување на своите духовни или физички потреби, но од какви приоритети имаме потреба ние како христијани? Што пишува во Библијата на оваа тема?

More

Би сакале да се заблагодариме на Тирфунд што го овозможија овој план за читање. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: http://www.tearfund.org/yv