Што е вистинска љубов?Примерок
Крајната цел
Ако вистинската љубов е крајната цел, зарем не сакаме да знаеме како таа изгледа и како можеме да ја достигнеме? Прашањето кое најверојатно ќе се појави во нашиот ум е: Можеме ли да ја знаеме вистинската љубов?
Ако Бог е љубов,
и Бог ни заповеда да Го љубиме,
и Тој, по Својата благодат, при спасението ја излеа Својата љубов во нашите срца преку Христос,
тогаш можеме да заклучиме дека одговорот е ДА—одекнувачко ДА!
Ја добивме способноста да ја спознаеме вистинската љубов, да уживаме во вистинска љубов, да живееме во вистинска љубов и да даваме вистинска љубов. Ако самиот Бог е љубов, тогаш Тој не е само нашиот пример и стандард за љубов, туку Самиот Тој е нашиот извор за љубовта.
Но, дали има пречки што можат да стојат на нашиот пат?
Невера? Повреда? Предавство? Недоверба? Рамнодушност? Кариера? Дом? Популарност? Страв? Безвредност? Неуспех? Размисли за ова во текот на денешниот ден додека си на работа, дома, додека возиш. . . потоа оди кај Господ во молитва и сподели го она што го откри. Ако сметаш дека нема никаква пречка на твојот пат, но сепак чувствуваш дека не си доволно блиску колку што посакуваш да бидеш, кажи му Го и тоа на Господ.

Опис за овој план
Секој сака да знае што навистина претставува љубовта. Но, малкумина гледаат што Библијата кажува за љубовта. Љубовта е една од централните теми на Писмото и најважната доблест на христијанскиот живот. Овој план од Thistlebend Ministries го истражува библиското значење на љубовта и како подобро да Го сакаме Бог и да ги сакаме другите.
More
Благодарни сме на Thistlebend Ministries за овој план. За повеќе информации, посети ја: www.thistlebendministries.org