Исчекор кон ЦелтаПримерок
Исчекори кон Целта преку Несебична Служба
Павле ги повикува Галатјаните да живеат живот изразувајќи несебична дарежливост, која се истакнува во светот на индивидуалност. Слободата што ја добиваме преку Христос не е лиценца за себични амбиции, туку можност да го прославиме Бог и да им служиме на другите со љубов (Види Галатјаните 5:13).
Може да го гледаме Исус како совршен пример за некој што исчекори кон Неговата цел преку несебично служење. Преку неговата хуманост, тој ја виде цената на несебичното служење кога кажа, „Татко, доколку е возможно, оваа чаша нека ме одмине”. Сепак, го гледаме Исус како го прави најголемото дело на несебично служење кога кажа, „Не мојата, туку Твојата волја да биде извршена”. Тој умре за ние да може да изчекориме кон целта. Тој умре за ние да можеме да им помогнеме на другите да го остварат истото. (Види Матеј 26:39).
Додека се молиш, побарај од Бог да ти го открие контекстот во кој можеш да им служиш на другите со љубов. Можеби ќе се видиш себеси како им помагаш на луѓето во црква или на работа. Што и да правиш, прави поради љубовта и слободата што Господ ти ги дава.
Напишано од Ченанија Дарма
Доколку сакате повеќе информации за Ц3 Колеџ, ве молиме кликнете тука.
Свето Писмо
Опис за овој план
Која е мојата цел? Која е смислата на мојот живот? Кој е Божјиот план за мене? Ова сѐ прашањата што секој од нас си ги поставува во животот. Додека откриваме што значи да зачекориме кон нашата цел, ќе пробаме да дадеме одговор на некои од овие прашања. Придружи се на неколку од нашите Ц3 студенти, кои ќе ни откријат некои детали на оваа тема.
More