Исчекор кон ЦелтаПримерок
Целта на Чекањето
Живееме во генерација на микробранова. Сѐ мора да се случи веднаш. Не можеме да почекаме, резултатите треба да бидат инстантни. Понекогаш на ист начин може да гледаме на нашата цел.
Можеби веруваме дека Бог не повикал на нешто - да водиме илјадници луѓе во славење, да имаме сериозен бизнис и да заработуваме шестцифрена плата, да ја пронајдеме љубовта на нашиот живот и да стапиме во брак, да патуваме низ светот проповедајќи го евангелието... списокот е долг. Нема ништо погрешно во тоа да веруваме дека овие нешта доаѓаат и ќе поминат. Но, најчесто треба да помине време, да почекаме додека да стигнеме до такво нешто!
Се проценува дека Давид имал околу 15 години кога бил помазан од Самуел за да стане Израелски цар, сепак, Давид не ја презел таа позиција додека не наполнил 30 години (2 Самоилова 5:4)! Во годините на исчекување, Бог го припремаше Давид да стане цар. Давид ги научи највредните лекции во неговиот живот во дивината, каде можеше да се потпре само на Бог.
Изучувајќи ги Псалмите добиваме увид во тагата низ која Давид помина, за солзите што ги пролеа, но исто така и за тоа како научи за Божјата верност, за Неговата огромна љубов и како Давид најде сила и закрила во Него. Прочитај Псалм 25. Давид беше оформен во голем, божји човек, кого Бог го назначи да биде Израелски цар додека поминуваше низ овие времиња.
Исто како во приказната на Давид, сезоната на исчекување не е баш лесна, но е сезона преку која Бог нѐ припрема за сѐ што следува додека правиме исчекор кон она што тој го има за нас! Биди сигурен дека Бог е со тебе додека правиш исчекор кон големите нешта што Тој ги има за тебе.
Напишано од Џошуа Сијл
Свето Писмо
Опис за овој план
Која е мојата цел? Која е смислата на мојот живот? Кој е Божјиот план за мене? Ова сѐ прашањата што секој од нас си ги поставува во животот. Додека откриваме што значи да зачекориме кон нашата цел, ќе пробаме да дадеме одговор на некои од овие прашања. Придружи се на неколку од нашите Ц3 студенти, кои ќе ни откријат некои детали на оваа тема.
More