Исчекор кон ЦелтаПримерок
Додека да не можеш да Стоиш на земја
Визијата е основа за исчекор кон твојата цел.
Езекиел 47 зборува за реката што извира од храмот, од најсветиот од светите (види Исаија 6:1-6). Оваа глава е моќна поради тоа што покажува дека доколку трагаш по Божјата светост, без двоумење ќе ја примиш Божјата визија за целта што Тој ја предодредил за тебе.
Но, како што пишува во главата, ова не се постигнува додека си во комфорната зона.
Езекиел поминува низ четири различни нивоа пред да може да ја види. Па, често бараме од Бог да ни ја открие нашата цел, но ние самите не сме спремни да нурнеме подлабоко. Визијата на Езекиел е за живот во изобилие, издржан од близина на светиот Бог (реката, види Псалм 1:1-3). Нештата што ни се слизнуваат од рака, стануваат неподвижни и безживотни. (Ез. 47:11).
Доколку сакаш јасна и издржана визија за твојата цел, треба да оствариш врска со Бог, која ќе ги поместува твоите ограничувања. Потопен до ниво на кое твоите нозе нема да ја допираат зоната на комфорот. Само на ова место ќе можеш да ја предадеш твојата контрола и, за возврат, да бидеш понесен од Него до целта која содржи исполнет живот.
Напишано од Кендас Тосас
Свето Писмо
Опис за овој план
Која е мојата цел? Која е смислата на мојот живот? Кој е Божјиот план за мене? Ова сѐ прашањата што секој од нас си ги поставува во животот. Додека откриваме што значи да зачекориме кон нашата цел, ќе пробаме да дадеме одговор на некои од овие прашања. Придружи се на неколку од нашите Ц3 студенти, кои ќе ни откријат некои детали на оваа тема.
More