Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Во Нашето Место: Посветеност на Велигденскиот Пост од “Time of Grace“Примерок

In Our Place: Lenten Devotions

4 ДЕН ОД 14

Време е

Ако некогаш дојдете во мојот дом, една од првите работи кои ќе ги забележите се моите часовници--само во мојата дневна соба јас имам шест. Сите се механички; има нешто во врска со отчукувањето и биењето што ја смирува душата. Јас мора да имам внатрешен страв да не задоцнам. Можеби сите овие часовници ги смируваат стравовите дека јас ќе пропуштам нешто важно.

Исус секогаш знаеше колку е часот--време за исцелување, време за поучување,време за прекор, време да се повлече, време да се присуствува на вечерните прослави. Неговиот Татко му дозволи да знае кога беше време да умре. Исус им кажа на неговите ученици дека нивното патувања за поучување за скоро ќе завршат. "Оттогаш Исус почна да им покажува на своите ученици, дека беше потребно за Него да замине за Ерусалим и да пострада многу од старешините, главните свештеници и книжниците, и да биде убиен и на третиот ден да воскресне"(Матеј 16:21) Тој знаеше дека неговото кралско влегување во Ерусалим на Цветници ќе биде Неговото последно.

Големо чудо се случи помеѓу палмите. Голема толпа на луѓе препознаа дека тивкиот човек на скромното осле беше нивниот Месија, исполнување на сите писма од Стариот завет Нивните извици покажаа дека тие знаеја кое време беше--кога нивниот Цар јаваше право во нивните животи и тврдејќи ја нивната верност.

Дали знаеш кое време е? Време кога треба да престанете да се колебате и да го барате, или одново да го потврдите, Исус Христос како ваш Господ и Цар. Преку неговиот Збор, преку капките на водата на крштението, преку неговото тело и крв која се дава во Господовата Причест, Исус доаѓа лично денес како што дошол и порано. Дланките ве повикуваат: славете го сега.

Свето Писмо

Ден 3Ден 5

Опис за овој план

In Our Place: Lenten Devotions

Овој план за читање ќе мине низ периодот на Великиот пост, што не води до неверојатни приказни за страдањата,осудите и смртта на Исус Христос на наше место.

More

Би сакале да се заблагодариме на “Time of Grace“ свештенството за обезбедување на овој план. За повеќе информации, може да го посетите: www.timeofgrace.org