Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Во Нашето Место: Посветеност на Велигденскиот Пост од “Time of Grace“Примерок

In Our Place: Lenten Devotions

1 ДЕН ОД 14

Пепелна(Чиста) Среда

Можеби ги имате видено соработниците како се враќаат од богослужба во работен ден со сиви дамки на нивните чела. Некои христијански цркви не само што го користат поимот "Пепелна Среда" за да го обележат почетокот на Великиот пост, но тие буквално применуваат пепелна паста на просутните како потсетник на нашиот грев, нашата смртност, и страшната цена која мораше да се плати за да се отстранат двете.

Без разлика на тоа дали ќе носиш пепел на твоето чело или не, ова време е соодветно да дојдеш пред Господ во понизност, на колена, знаејќи и признавајќи колку многу ти треба Спасител. "Јас,кој сум прав и пепел" рече Аврам еднаш (Битие 18:27), и ние исто така.

Создадени од Бог, живеејќи во Божјиот свет, живеејќи по Божјиот закон, и одговарајќи пред Божјиот суд, ние сме на лошо место. Нашата наследена грешна ДНК не прави виновни во очите Божји дури и пред да се родиме, а ние нетрпеливо додаваме уште во купот на злото со секој ден што живееме. Вината што ја носиме доведува до Божјата пресуда -- "Во прав ќе се вратиш." И полошо -- "Во пекол ти ќе одиш."

Но периодот на Великиот пост ни носи неверојатни приказни од страдањата, осудата, и смртта на Исус Христос на наше место. Тој е Јагнето Божјо кое ги зема гревовите на светот. Тој е Јагнето Божјо кое ги зема твоите гревови,вина и осуда. И пепел.

Свето Писмо

Ден 2

Опис за овој план

In Our Place: Lenten Devotions

Овој план за читање ќе мине низ периодот на Великиот пост, што не води до неверојатни приказни за страдањата,осудите и смртта на Исус Христос на наше место.

More

Би сакале да се заблагодариме на “Time of Grace“ свештенството за обезбедување на овој план. За повеќе информации, може да го посетите: www.timeofgrace.org