Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Во Нашето Место: Посветеност на Велигденскиот Пост од “Time of Grace“Примерок

In Our Place: Lenten Devotions

3 ДЕН ОД 14

Благословен е кралот

Ниедна држава кралското величество не го гледа толку грандиозно како Велика Британија. Елизабета Втора владееше толку долго, што само постарите лица може да се сетат на последното крунисување во 1953 година, но наскоро светот ќе види уште едно. Новиот монарх ќе пристигне со кралска поворка, пратејќи го Великиот Стјуард со златната круна на Св.Едвард, а подоцна ќе се приложи со Златниот Тотем (датира од 1189 година), кралската ракавица,златниот глобус и златниот жезол.

Колку поразлична беше Исусовата кралска поворка околу Маслиновата Гора во Ерусалим. Неговиот превоз беше магаре осле, малечко животно кое едвај ја подигнало неговата глава над толпата. Сепак многу луѓе во толпата го препознаа Него како кралски род па извикуваа:"Благословен е Царот Кој доаѓа во името Господово"(Лука 19:38). Кралската облека која го очекуваше беше стара римска воена наметка; жезолот кој му беше даден беше слаба трска; круната ставена на Неговата глава не беше направена од злато, туку од трње.

Крвта која се лееше по Неговото лице од трњата беше во исто време крв на човек и крв на Бог. Како таква ја има моќта да купи и препороди. Како човек Исус може да не претставува нас пред Божјиот суд; како Бог тој може да го претставува целиот свет на оскудни грешници. Преку неговите рани ние сме излечени.

Маслиновата гора служела како уште една битна поворка за кралско крунисување. Тоа беше местото од каде воскреснатиот Христос се воздигна во рајот. Неговата понизност сега е заменета со слава; неговата придружба сега се десет илјади пати десет илјади ангели; неговото присуство и Свет Дух го исполнува универзумот; Тој владее со сите за добро на неговите браќа и сестри. Преку вера, ние сме исто така членови на кралското семејство. Свето кралско семејство.

Свето Писмо

Ден 2Ден 4

Опис за овој план

In Our Place: Lenten Devotions

Овој план за читање ќе мине низ периодот на Великиот пост, што не води до неверојатни приказни за страдањата,осудите и смртта на Исус Христос на наше место.

More

Би сакале да се заблагодариме на “Time of Grace“ свештенството за обезбедување на овој план. За повеќе информации, може да го посетите: www.timeofgrace.org