Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Започни од тука | Првите чекори со ИсусПримерок

Start Here | First Steps With Jesus

2 ДЕН ОД 15

Mарко 2-3 глава | Избран и опростен

Добредојде пак. Денес ќе ја читаме Марко 2 глава во која се раскажува за една од моите омилени приказни од Библијата, во која Исус дава сериозни изјави, толку сериозни што се доволни да го испровоцираат неговото убиство. Реално секој може да изјави било што, но прашањето е дали Исус ги потврдува своите изјави со докази? Во Марко 2-ра глава, гледаме како Исус поучува во нечиј дом во Капернаум и веста се раширила наоколу. Стих 2:

“И се собраа мнозина, така што немаше веќе место пред вратата; и им го проповедаше Словото.”

Додека Исус поучувал од Словото - Библијата, мноштво од народ се собирало околу Него. Исус секогаш се фокусирал на Божјиот Збор и покрај поучувањето Тој правеше чуда кои ги нарекувал знаци, а знаците не насочуваат кон нешто друго. Совршен пример за ова е денешната приказна. Стиховите 3-5:

“И дојдоа при Него носејќи фатен, кого го носеа четворица. И како не можеа да го донесат до Него, заради народот, го открија покривот над местото каде што беше, и го пробија и ја спуштија постелата, на која лежеше фатениот. А Исус, кога ја виде нивната вера, му рече на фатениот: „Синко, ти се опростуваат гревовите.””

Почекај малку, дали Тој кажа: „Синко, ти се опростуваат гревовите.”?Човекот дојде за да биде исцелен а не за прошка, но Исус знаеше дека нема поголем проблем од гревот и опростувањето. После ова следи делот во кој некои од израелските учители кои биле присутни се шокирале од Неговата изјава.

”Што зборува Овој вака? Тој хули! Кој може да опростува гревови, освен Еден Бог?”(Марко 2:7).

За последниот дел од стихот се во право. Да изјавиш дека можеш да опростуваш гревови значи дека кажуваш дека го имаш авторитетот на Бог што во овој случај би претставувало хулење кога би било лага, што е многу сериозен грев, но Исус знаеше што тие мислат и затоа во стих 9 гледаме дека ги прашува:

“Што е полесно да му се рече на фатениот: ‘Ти се опростуваат гревовите,’ или да му се рече: ‘Стани и земи ја својата постела, и оди!’”

Го обожавам ова прашање. Размисли и ти за ова, што би ти било полесно да кажеш? Лесно е да се каже “Твоите гревови се простени” бидејќи не може да се види кога ти се опростени гревовите, но е невозможно човек да го направи бидејки само Бог може да простува гревови, а да се каже на парализиран човек да “Стане и да си ја земе својата постела и да оди” - е потешко бидејки оваа изјава на сите им го одвлекува вниманието, сите гледаат дали ќе се случи тоа. Во стиховите 10-12 Исус продолжува:

“Но за да знаете дека Човечкиот Син има власт да ги опростува гревовите на земјата, му рече на фатениот: ”Тебе ти зборувам - стани, подигни ја својата постела и оди си дома!” И стана, веднаш ја подигна постелата, и излезе пред сите, така што сите се восхитуваа…

Чудото кое Исус го направи пред сите е прекрасно бидејки парализираниот човек прооде, но да не ја занемариме и поентата која укажува на Неговиот авторитетИсус го има Божјиот авторитет да простува гревови и тука го докажува тоа. Авторитетот го користи и во наредната приказна за која читаме од стих 13, каде Исус кој поучува покрај езерото го здогледува Левија кој работи како цариник и му пристапува. Цариниците биле корумпирани луѓе кои повеќе си ставале во џеб отколку што предавале на власта, едноставно биле алчни.

Исус му вели: „Врви по Мене!” И тој стана и тргна по Него.”(2:14).

Повторно истите зборови, истата покана, но овој пат Исус поканува грешник - многу лоша личност, а Левиј почнува да го следи! Левиј го кани Исус и Неговите ученици на вечера со уште повеќе грешници. Оваа слика навистина е неразбирлива за фарисеите, кои се религиозните водачи што осудуваат и се самоправедни и едноставно не можеле да разберат што Исус прави со грешниците. Ако Исус е добар учител - раби,

„Зошто јаде и пие заедно со цариниците и грешниците?”

Исус како одговор во стих 17 кажува една длабока изјава:

„Не им треба лекар на здравите, туку на болните. Не дојдов да ги викам праведните - туку грешниците на покајание.”

Забележи го ова, Исус ги избра грешниците. Левиј и неговите пријатели беа грешници но, како што лекарот доаѓа за да ги излечи болните, Исус дојде за да ѝм опрости на грешниците и да ги помири со Бог - да ги направи праведни што значи да бидат во ред со Бог. Ова е важен збор. Го знаеш ли чувството помеѓу двајца кога врската е добра - во ред и кога ништо не се испречува помеѓу нив? А најверојатно го знаеш и чувството кога нешто не е во ред - кога се гради ѕид помеѓу вас бидејќи оплескавте. Епа, ние сме во ваква ситуација со Бог поради гревот кој нѐ одделува од Него, ние згрешивме, но евангелието - радосната вест - е дека Исус дојде за да не направи праведни. Тој нѝ ги простува гревовите и нѐ нарекува праведни, а за возврат од нас бара вера преку која ние сме оправдани. Најдобро од сѐ е тоа што Тој бира грешници, ги оправдува и ги испраќа да му служат на Бог. Во глава 3, читаме како Исус избира група од дванаесет луѓе кои ги назначува за апостоли. Ученикот следи, но апостолот е испратен како амбасадор. Во таа листа од дванаесетмината е и Левиј, но неговото име беше променето во Матеј. Исус избира грешници, им простува, ги исцелува ги променува и потоа ги испраќа да ја споделуваат радосната вест со сите грешници: „Бог те љуби!„ Прекрасна вистинска вест. Денес прочитај ги Марко 2-ра и 3-та глава, доколку имаш време кликни на „Прочитај ја целата глава“ за да ја добиеш целата приказна, а утре повторно ќе се дружиме и продолжиме со глава 4.

За размислување и дискусија:

  • Што мислиш, зошто ѝм беше толку тешко на религиозните водачи да прифатат дека Исус јаде со грешници?
  • Исус дава една длабока изјава во глава 2:17, “Не им треба лекар на здравите, туку на болните. Не дојдов да ги викам праведните - туку грешниците на покајание.” Што ти значи ова?
  • Каква улога има прошката во твојот живот? Сподели ја твојата приказна.

Свето Писмо

Ден 1Ден 3

Опис за овој план

Start Here | First Steps With Jesus

Доколку си во почетна фаза на запознавање на Исус и на Библијата или само му помагаш на некој пријател кој се наоѓа на ваква позиција - можеш да започнеш од тука. Во следните 15 дена овие 5-минутни звучни пораки ќе те водат во читањето на две основни книги од Библијата чекор по чекор: Марко и Колосјаните. Проследи ја Исусовата приказна и дознај ги основите на следбеништвото преку секојдневни прашања, самостојни размислувања или групни дискусии. Помини го планот самостојно за почеток, а потоа покани и пријател за заеднички да го поминете!

More

Би сакале да се заблагодариме на Тру д Ворд што го овозможија овој план за читање. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: http://throughtheword.org/