Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 3

3
Исус исцелува во сабота
(Мт 12,9-14; Лк 6,6-11)
1И влезе пак во синагогата, а таму имаше еден човек со исушена рака. 2И пазеа на Него, дали ќе го исцели во саботен ден, за да Го обвинат. 3А Тој му рече на човекот со ису­ше­ната рака: „Застани насреде!“ 4#Лк 14,3-4Ним, пак, им кажа: „Во сабота доз­во­лено ли е да прави човек добро или зло; да спаси една душа или да ја погуби?“ 5#5,32; 6,52; 11,11; 2 Мојс 7,13; Јн 12,40; Ефес 4,18Па, кога ги изгледа со гнев, зашто Му беше тешко поради нивните ска­ме­нети срца, му рече на човекот: „Про­тегни ја раката своја!“ Тој ја протегна и таа му стана здрава, како и другата. 6#Мт 22,15; 27,1Фарисеите, штом излегоа, веднаш се собраа со Иродовците на совет против Него, како да Го погубат.
Мноштво следбеници
(Мт 4,25; 12,15-16; Лк 6,17-19)
7 # 5,21; Мт 4,25; 12,15; Лк 6,17-18 Исус, пак, отиде со Своите ученици кон морето и по Него одеше многу на­род од Галилеја и од Јудеја, 8од Ерусалим и од Идумеја и отаде Јордан. Па и од Тир и Сидон, откако чу­ја какви дела врши, во голем број дојдоа кај Него. 9#4,1; Јн 6,22И им порача на учениците Свои да Му приготват кораб, поради народот, за да не Го туркаат; 10#5,28зашто мнозина беше излекувал, така што сите, кои беа болни, навалуваа кон Него за да се доближат до Него. 11#1,1; Мт 8,29И нечистите духови, штом ќе Го ви­деа, паѓаа пред Него, викаа и говореа: „Ти си Син Божји!“ 12#1,34; Мт 12,16Но Тој строго им забрануваше да разгласуваат за Него.
Исус избира дванаесет апостоли
(Мт 10,1-4; Лк 6,12-16)
13 # 1,4.17; 5,18; Мт 10,5 Потоа се искачи на гората и ги по­вика кај Себе оние, кои Сам ги одбра и тие дојдоа кај Него. 14#6,7; Мт 19,28Избра дванаесетмина кои ги нарече апостоли да бидат со Него и да ги праќа да проповедаат; 15#9,38; 16,9.17; Мт 10,8и да имаат власт да лекуваат бо­лес­ти и да изгонуваат демони: 16#Мт 16,18; Јн 1,42; 1 Кор 1,12првиот Симон, кого го нарече Пе­тар; 17#Мт 4,21; Лк 9,54па Јаков Заведеев и брат му Јован, на кои им даде име Воанергес, што зна­чи, синови на громот; 18#Мт 4,18; 9,9; Лк 6,14-15; Јн 1,40.43-46.48; 14,5.8-9; 21,2потоа Андреј, Филип, Вартоломеј, Матеј, Тома, Јаков Алфеев, Тадеј, Симон Хананеецот 19#Мт 10,4; 26,25и Јуда Искариот, кој и Го предаде.
Исус и Велзевул
(Мт 12,22-32; Лк 11,14-23; 12,10)
20 # 2,2; 6,31 И дојдоа в куќи; и пак се собра на­род, така што тие не можеа ни леб да јадат. 21#Јн 7,5; 10,20; 2 Кор 5,13И кога чуја Неговите, отидоа да Го приберат, зашто се говореше дека не бил на Себеси. 22#2 Цар 1,2; Мт 9,34; 10,25; 12,24; Јн 7,20; 8,48-52А книжниците, што беа слегнале од Ерусалим, велеа дека во Него е Вел­зе­вул#3,22 Вел­зе­вул или Беел-зебул т.е. ѓаволот. и дека демоните ги истерува со силата на заповедникот на демоните. 23#1,13И кога ги повика, им говореше во параболи: „Како може сатаната да из­го­нува сатана? 24Ако едно царство се раздели на де­лови, еден против друг, тоа царство не може да се одржи; 25и, ако еден дом се раздели на де­ло­ви, еден против друг, тој дом не може да опстане; 26ако и сатаната се дигнал против се­беси, и се разделил, не ќе може да се од­ржи, но му дошол крајот. 27#6,17; Ис 49,24-25; 53,12; Откр 20,2Никој не може, кога ќе влезе во ку­ќата на силен човек, да му ја ограби по­куќнината, ако најнапред не го врзе силниот; и тогаш ќе му ја земе по­куќ­нината. 28#2,7; 1 Тим 1,13Вистина, ви велам: на човечките си­нови ќе им се простат сите гревови и хули, какви и да бидат тие; 29#Лк 12,10; Евр 6,4-6; 1 Јн 5,16но, кој похули на Светиот Дух, нему нема да му се прости никогаш, а ќе биде виновен пред вечниот суд.“ 30#3,22Зашто велеа: „Нечист дух има во Него.“
Исусовото семејство
(Мт 12,46-50; Лк 8,19-21)
31 # 6,3; Јн 2,12; Дела 1,14 И дојдоа мајка Му и браќата Не­го­ви, па, стоејќи надвор, порачаа да Го викнат. 32#Мт 13,55-56А околу Него седеше народ, и Му рекоа: „Ете, мајка Ти и браќата Твои, и сес­трите Твои, надвор се и Те бараат.“ 33А Тој им одговори, велејќи: „Која е Мојата мајка и кои се браќата Мои?“ 34Па, упатувајќи поглед кон оние што седеа околу Него, рече: „Еве ги Мојата мајка и Моите браќа. 35#Мт 6,10; Ефес 6,6; Евр 10,7.9.36; 1 Јн 2,17Зашто оној, кој ја исполнува волјата Божја, тој Ми е брат, и сестра, и мајка!“

Селектирано:

Марко 3: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се