Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Започни од тука | Првите чекори со ИсусПримерок

Start Here | First Steps With Jesus

6 ДЕН ОД 15

Марко 10-11 | Вечен живот

Денес ќе видиме како еден млад човек му поставува на Исус едно важно прашање. Марко 10 глава 17 стих:

"И кога излегуваше на пат, некој притрча, клекна пред Него и Го праша: „Добар Учителе, што да правам, за да наследам вечен живот?””

Тоа е многу добро прашање. Библијата нѐ поучува дека тоа што го правиме во нашиот краток моментален живот ја одредува нашата иднина во вечноста, затоа овој млад човек сакал да дознае што треба да направи за да добие вечен живот? Како да стигне во рајот?

Па го прашува добриот учител, а Тој му одговара во стих 18:

"„Зошто Ме наречуваш добар! Никој не е добар освен Единиот Бог.“

Приметуваш како Исус не му дава директен одговор туку пробува прво да ги адресира човековите погрешни уверувања пред да му одговори на прашањето. Затоа прво ја потенцира најважната работа во моментот дека “Никој не е добар освен Единиот Бог.“ 

Ние се обидуваме да ги групираме луѓето во добри и лоши, но Библијата кажува дека сите згрешија и нема ниту еден праведен освен Господ (Римјаните 3:23). Во учењето на Стариот Завет единствениот начин да се добие вечен живот е да се биде праведен пред Бог (Изреки 12:28).

Но види што следно кажува Исус во стих 19:

"Ги знаеш заповедите...”

Ги набројува: „Не убивај! Не прави прељуба! Не кради! Не сведочи лажно! Не измамувај! Почитувај ги татка си и мајка си!”. Стих 20:

"Но тој Му одговори: „Учителе, сето тоа го пазев од својата младост.“"

Очигледно овој човек смета  за себе дека е добар. И јас можам да се пронајдам во ова бидејки уште пред да се запознаам со Исус мислев дека сум добар човек поради тоа што се трудев да не повредам никого, бев прилично добар дечко.

Но види што изостава Исус, додека ги спомнува заповедите да се љубиме едни со други, но не ги спомнува заповедите директно поврзани со Бог како: “Да немаш други Богови освен мене“ и “Не се поклонувај на идоли“. Што мислиш, зошто го прави ова? Стих 21: 

"Исус го погледна и го возљуби." 

Да застанеме тука на момент. За Исус овој разговор е повеќе од теолошки прашања и одговори, Тој искажува љубов према овој човек и му вели:

"Едно ти недостига, оди и продај сѐ што имаш и раздај го на сиромасите и ќе имаш скровиште на небото! И дојди, земи го крстот и следи ме."

Неверојатно. Му фали само едно нешто за да има вечен живот, само едноПрочитај претпазливо за да сфатиш што е тоа што му недостасува. Не верувам дека е дарежливост према сиромасите туку онаа последна фраза од стихот - тие два збора:“Следи ме.“ 

Има само еден начин како да стигнеш до вечен живот, а тоа е да го следиш Исус. Во Римјаните 3 глава пишува дека

"зашто со делата на Законот ниедно тело нема да се оправда пред Него” (Римјаните 3:20). 

Што значи дека добрите дела не се доволни. 

“и тоа Божјата правда, преку верата во Исуса Христа, за сите кои веруваат, бидејќи нема разлика" (Римјаните 3:22).

Со други зборови кажува дека Исус нѐ оправдува пред Бог кога го следиме со вера, го носи нашиот грев на крстот и не прави праведни (2 Коринтијаните 5:21). 

Тогаш зошто Исус му кажа на човекот да продаде сѐ што има? Неговата реакција беше ваква:

"А тој се натажи од тој збор и си отиде жалејќи, зашто имаше многу имоти." (Марко 10:22).

Значи тој човек бил многу богат затоа неговата реакција била показател дека си го сакал своето богатство. Парите сами по себе не се зло, но љубовта према парите е опасна работа бидејки многу лесно може да ти станат идол - замена за Бог. Можеби Исус ги заобиколи првите неколку заповеди за да му укаже на човекот дека греши на таков начин. Јас и во ова можам да се пронајдам во моментите кога ми одеше многу добро, а мојата гордост се испречи пред Бог. За овој човек парите претставувле идол и поради тоа Исус му кажа да ги напушти своите идоли и да го следи.

Види какви зборови употребува Исус, рајот го опишува како моментот на “влез во царството Божјо“ што ги прави различни нештата. Ако рајот претставува само еден добар момент или место тогаш за да добиеш влезница треба да бидеш добар, но доколку рајот е Божјо царство тогаш за да влезеш во него треба да бидеш во ред пред Царот.

Исус е Царот и е единствениот кој може да ти овозможи влез доколку се одлучиш да го следиш. Тој е добар и само Тој може да те оправда, но не е возможно да бидеш Негов следбеник доколку имаш други идоли, не можеш да имаш двајца владетели и не можеш да следиш две насоки.

И што се случи со човекот на крaј? Почна да го следи Исус или го обзема светското и ја загуби својата душа? Не се знае тоа, но знам дека за тебе сеуште има време. 

Се мислам како би постапил Исус доколку ти  му го поставиш ова прашање. Сите ние имаме разни идоли: пари, задоволство, дрога, успех, гордост, страст. За да го откриеш твојот идол запрашај се себеси што е тоа што те спречува кога Исус ќе ти каже: “следи ме“?

Прочитај ја Марко 10 глава и размисли од што треба да се ослободиш за да можеш да Го следиш.

За размислување и дискусија:

  • Кој дел од одговорот на Исус дава одговор на прашањето кое го постави човекот? (Прочитај во 10:17 & 10:21).
  • Зошто Исус вели дека е многу тешко за богатиот да влезе во царството Божјо?(Прочитај во 10:25).
  • Што е тоа што те спречува кога Исус те повикува да го следиш? Сподели ги твоите размислувања.

Свето Писмо

Ден 5Ден 7

Опис за овој план

Start Here | First Steps With Jesus

Доколку си во почетна фаза на запознавање на Исус и на Библијата или само му помагаш на некој пријател кој се наоѓа на ваква позиција - можеш да започнеш од тука. Во следните 15 дена овие 5-минутни звучни пораки ќе те водат во читањето на две основни книги од Библијата чекор по чекор: Марко и Колосјаните. Проследи ја Исусовата приказна и дознај ги основите на следбеништвото преку секојдневни прашања, самостојни размислувања или групни дискусии. Помини го планот самостојно за почеток, а потоа покани и пријател за заеднички да го поминете!

More

Би сакале да се заблагодариме на Тру д Ворд што го овозможија овој план за читање. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: http://throughtheword.org/