Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Започни од тука | Првите чекори со ИсусПримерок

Start Here | First Steps With Jesus

10 ДЕН ОД 15

Колосјаните 1 | Живеј ја верата 

Добредојдовте пак другари, успеавме да прочитаме што е напишано за Исус во евангелието според Марко. Следно е да продолжиме да читаме за Исус и иако знам дека до сега го правевме истото, сепак овој пат ќе биде различно на некој начин. На крајот од евангелието по Марко, учениците видоа како Исус се воздигна до рајот што е неверојатно да се види, но после три години поминати во следбеништво, не знаеле што треба да прават следно? 

Пред Исус да замине Тој ги насочи кон тоа да прават нешто важно: 

"Така одејќи, направете ги сите народи Мои ученици…” (Матеј 28:19). 

Запамти - ученик значи следбеник. Значи првите ученици биле повикани да прават нови ученици - како што сме и ние самите моментално. 

Тоа и го правеа! Во Делата апостолски пишува за сите нивни интересни случувања во кои го допреле светот со евангелието. Имам голема желба да кажам дека од овој момент па натаму во светот сѐ тргна на добро, но за жал не е така. Црквата на христијаните има направено многу добри дела во светот низ историјата, но во исто време има направено и многу штета. Многу оддамна најпрво започна корупцијата, алчноста и лицемерието, а од друга страна во исто време имаше и добри работи како сочувство, надеж и милост, така што кога би започнале да Го следиме Исус, ве поттикнувам да бидеме добри во тоа, да го живееме тоа. 

Но како да го живееме ова? Би можел да кажам дека сѐ што е потребно е “да престанеме да правиме лоши работи и да правиме добри дела“, но тоа е правилно само доколку гледаме на промената како нешто што би се одвивало однадвор навнатре, што е добар рецепт за лицемерие, додека пак принципот на промена кој го доживуваме преку Исус е од внатре. Доколку имаш љубопитност што те тера да дознаеш како функционира ова, дојди да истражиме што вели Библијата.

После Дела на апостолите во Библијата гледаме серија од персонализирани писма напишани од апостолите кои содржат инструкции за тоа како да го следиш Исус. Уште во раните денови на црквата имало лошо поучување што било доволно добра причина за писмата да бидат напишани со инструкции кои ќе ѝм помогнат на верниците да разликуваат што е вистина, а што лага. 

Ова е причината зошто како следна книга за читање ја одбрав да биде Колосјаните, што е Писмо кое било напишано од апостол Павле упатено до христијанската заедница во Колос. Тие биле нови верници што е прикладно за нашата ситуација. Во првата глава ќе наидеме на три основни нешта: милоста, Светиот дух и познавањето на Исус. 

Писмото започнува со поздрав од Павле што ми се допаѓа многу дека има ваков личен пристап и дека секое писмо кое го напишал започнува со милост. Ова е вообичаен поздрав и во исто време многу вистинит бидејки милоста е подарок - не можеме да ја заслужиме и не ја заслужуваме, но Бог нѝ ја дава поради тоа што едноставно нѐ љуби. Ние може да започнеме да ја живееме нашата вера кога ќе ја разбереме Божјата милост. 

Во оваа книга Павле започнува со искажување благодарност за тоа што има шанса да го види Божјото дело во животите на овие нови христијани, за нивната вера, љубов и надеж која започна од моментот на прифаќање на евангелието. 

"...и ја запознавте Божјата благодат во вистината" (Колосјаните 1:6).

Ова е првиот чекор кој треба да го разбереме, што укажува на тоа дека Бог не спаси поради тоа што нѐ љуби, а не поради тоа што заслужуваме бидејки спасението не е нешто што може да го заслужиме. Исус ја плати цената за ние да не мора да жртвуваме нешто повеќе. Во едно друго писмо до Ефесјаните Павле го објаснува ова на следниов начин:

"Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар!" (Ефесјаните 2:8). 

Во оваа едноставна вистина дека сме спасени по милост, може да најдеме неверојатен мир и вистинска слобода. Значи не можеме да го заслужиме спасението преку добри дела поради тоа што тоа нѐ води до самопофалби, арогантност и осудување што е истото нешто кое го прават и лицемерите. Разбирањето на милоста нѐ прави понизни. Ние сеуште правиме добри дела но ги правиме од милост каква што има Бог за нас. Павле ова го нарекува "давање плод" - природниот пораст како резултат на внатрешната промена. 

Кога сме кај внатрешноста, сакаме да знаеме што точно се случува таму? Како се случува оваа промена и од каде потекнува знаењето и разбирањето во оваа сфера? Во 8 стих Павле вели дека новата љубов која се буди во христијаните е "љубов во духот." Додека во стих 9 се моли на Бог за... 

"...да се исполните со познавање на Неговата волја во секоја мудрост и духовно разбирање,"

Значи клучот до ова е Светиот дух, а Духот е Бог што го комплетира третиот дел од Светото тројство, Таткото, Синот и Светиот Дух. Духот работи во нас, нѐ исполнува со љубов и разбирање, помага во убедување, сила да се одолее на злото и нѐ води во знаење и мудрост во животот. Духот е начинот преку кој ја живееме верата.

Резултатот од ваквиот живот го пишува во стих 10, “да одите достојно за Господа." Ова е клучно. Не да ја заслужиме Неговата љубов туку да живееме достојно за неверојатната љубов која нѝ ја покажува. Милоста го одзема фокусот од нашата работа и нѐ насочува кон Неговата вредност и на "растот во познавањето на Бога" (1:10).

На ова се мисли кога се зборува за следбеништво на Исус: да Го познаваш и да не заборавиш да Го љубиш Бог и луѓето, што нѐ носи до трите основи на верата: милост, Светиот дух и познавањето на Исус. Тука ќе завршиме за денес на истиот начин на кој што завршува и оваа глава, со моќен потсетник за тоа кој е Исус, но те охрабрувам да ја прочиташ целата глава и да посветиш малку повеќе време  да го запознаеш синот Божји, што е тема за која пишува во 15 стих:

"Тој е образ на невидливиот Бог, Првороден на секое создание, зашто во Него е создадено сè што е во небесата и на земјата; видливо и невидливо, било престоли, или господства, или началства, или власти; сè е создадено преку Него и за Него. И Тој е пред сè и сè во Него има свое сплотување."

За размислување и дискусија

  • Денешниот прирачник ни кажува дека обидот да се промениш надворешно е рецепт за лицемерие. Зошто мислиш дека е ова вистина?
  • Кажано е дека делата направени со цел да се спасиме носат до чувство на вина или ароганција, додека Божјата милост води кон мир и понизност. Дали мислиш дека ова е вистина?
  • Колосјаните 1:10 нѐ повикува да живееме “живот исполнет со Господ.” Како мислиш дека треба да изгледа тој живот?
Ден 9Ден 11

Опис за овој план

Start Here | First Steps With Jesus

Доколку си во почетна фаза на запознавање на Исус и на Библијата или само му помагаш на некој пријател кој се наоѓа на ваква позиција - можеш да започнеш од тука. Во следните 15 дена овие 5-минутни звучни пораки ќе те водат во читањето на две основни книги од Библијата чекор по чекор: Марко и Колосјаните. Проследи ја Исусовата приказна и дознај ги основите на следбеништвото преку секојдневни прашања, самостојни размислувања или групни дискусии. Помини го планот самостојно за почеток, а потоа покани и пријател за заеднички да го поминете!

More

Би сакале да се заблагодариме на Тру д Ворд што го овозможија овој план за читање. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: http://throughtheword.org/