Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Започни од тука | Првите чекори со ИсусПримерок

Start Here | First Steps With Jesus

14 ДЕН ОД 15

Ден 14 | Колосјаните 4

Здраво другари. Денес се враќаме на основите во Колосјаните 4-та глава каде што пишува за двете едноставни заповеди на кои нѐ поучуваше Исус: да го љубиме Бог со сѐ што имаме и да ги љубиме нашите соседи исто како себеси. Овие две едноставни нешта го водат секој наш чекор како Негови следбеници. 

4-та глава започнува со упатства за врските. Тука читаме за робови и господари, што прави да се двоумиш дали во Библијата ропството е оправдано? Дали Библијата оправдува нееднаквост, расизам и угнетување? 

Да бидам искрен Библијата не го оправдува ропството и секој кој го користи Божјиот Збор за да оправда угнетување или човечка нееднаквост ги злоупотребува зборовите и треба да се засрами. Во секој случај, Библијата ги адресира овие теми преку инструкциите на Павле за тоа како луѓето треба да го живеат животот бидејки во тоа време постоело робовладетелство. На робовите ѝм заповеда да работат напорно исто како кога би работеле за Господ бидејки Тој е вашиот вистински господар. 

Во 4-та глава:

“Господари, правете им на робовите што е праведно и справедливо, знаејќи дека и вие имате Господар на небесата.”

Овде како и на многу други места низ Библијата има потсетување за тоа дека господарите и робовите се еднакви во очите на Бог без оглед на тоа колку се разликуваат во општеството, сепак, можеби ти е чудно зошто Павле не го поништува робовладетелството во Божјиот мандат. 

Важно е дека причината за првото доаѓање на Исус не беше за да го поправи системот и воедно светот, туку дојде за да ги поправи човечките срца и да ги очисти пред Господ. Во Неговото второ доаѓање Тој го воспоставува Неговото царство во светот, но пред сѐ, дојде да го воспостави Неговото царство во нас. Тој е прво: Кралот на твоето срце, а после: Кралот на светот. 

Значи Павле нѐ поучува да живееме праведно во овој грешен свет. Робови и господари, работници и работодавачи сите да работиме праведно. Подоцна Павле ги советува робовите да се ослободат од ропството доколку имаат можност, а во писмото до Филемон му кажува на еден господар да го ослободи неговиот роб и да го нарече свој брат - што не била мала работа во тоа време. 

Ако одиме малку понапред низ историјата ќе забележиме дека многу од хероите кои се бореле и жртвувале за да стават крај на ропството биле инспирирани и поттикнати преку нивната вера во Библијата. Бог ги променил нивните срца и го променил нивниот свет. 

Да се вратиме назад на Колосјаните стих 2:

"Бидете постојани во молитвата, бдејте во неа со благодарност!"

Ова нѐ носи до следната навика која нѝ е потребна: молитва. Читај ја Библијата секој ден, моли се, и сакам да те потсетам дека ова не е нешто што мораш да го правиш, туку нешто што е последица на тоа што го правиш. Молитвата е неверојатна. Таа претставува можност да разговараш директно со Бог - Создателот на универзумот. Павле вели “да бидете постојани“ во молитва, што значи да ти биде приоритет. 

Ако се прашуваш за што треба да се молиш, одговорот е: За сѐ! За твоите потреби, за да ги искажеш твоите благодарности, за тоа што се двоумиш и тоа што предизвикува збунетост или за она на што се надеваш. Моли се за луѓето и моли се за мене бидејки имам потреба од твојата молитва. Моли се за сѐ. 

Комуникацијата е од витално значење за секоја врска и само преку разговор можеме да се запознаеме подобро. Најдоброто нешто во заедничките искуства е времето поминато во отворен и длабок разговор. Истото ова важи и за врската со Бог. Во текот на следбеништвото ние разговараме за реалноста и ги споделуваме нашите грижи и нашата надеж со што отвораме врата за да може Исус да влезе.

Гледај на молитвата како на разговор со твојот најдобар пријател. Кога вашата врска е нездрава, цело време се разговара за твоите потреби, додека кога врската е здрава, преку разговорот се запознавате подобро. Молитвата не е домашна задача или есеј кој треба да го оценуваме, затоа не се грижи за тоа дали ќе се помолиш “правилно“. Биди оригинален и пристапи понизно, со почит пред Божјиот трон бидејки Тој е Господ, но исто така задржи ја својата самоувереност бидејки преку Исус си оправдан. Во Римјаните 12-та глава пишува да бидеме “постојани во молитва“ што е нешто слично на телефонски повик кој не завршува. 

Во остатокот на Колосјаните ги читаме поздравите што си ги испраќаат, што прави овие писма да наликуваат на вистински пораки испраќани помеѓу вистински луѓе кои се љубат еден со друг и си праќаат поздрави. Многу ми се допаѓа дека Библијата е лична книга. Бог можеше да го изгравира својот Збор во камен, но наместо тоа се одлучи да ја вреже во срцата на оние кои љубат. Таа љубов свети преку страниците. 

Што нѐ носи до уште еднаважна навика: дружење.. Помини некое време со други христијани, навлезете длабоко во заедничкиот живот, љубете Го Бог и љубете ги луѓето. Во Евреите имаме предупредување за тоа да не го изоставиме дружењето со нашата христијанска фамилија - црквата. 

Зборот црква во Библијата не претставува некоја градба, туку луѓето кои го следат Исус. Црквата може да се собира во некоја просторија, но доколку не се поврзуваме едни со други на значаен начин, ја пропуштаме целата поента. Додека ја читаме 4-та глава, гледајте ги имињата - луѓето кои лично се грижат - Марко, Јуст, Епафрас, Лука, Нимфан и забележи дека пишува за, 

“...црквата во нејзината куќа” (4:15).

Во тоа време црквите се среќавале во куќи - како една голема фамилија. 

Основите се: љуби го Бог и љуби го ближниот. Практикувај го ова, створи навика за молитва, запознај се со Бог и створи навика за дружење или запознај се со луѓето. Слободно покани некој колега од работа или училиште да го поминете овој план заедно и да дискутирате за прашањата од секцијата за разговор и да се молите заедно. Тоа претставува една здрава Библиска навика, молитвена навика и навика за дружење. Гледаш, лесно беше нели?

Доколку ти е потребна помош да започнеш, ќе ти помогнам во текот на утрешниот ден. За денес е доволно да ја прочиташ целата 4-та глава од Колосјаните и едноставно да го љубиш Бог и луѓето.

За размислување и дискусија 

  • Зошто сметаш дека молитвата е основа во следбеништвото? На кој начин молитвата влијае на твојот чекор со Бог?
  • Зошто мислиш дека заедништвото е основа во следбеништвото на Исус? На кој начин заедништвото со други христијани влијае на твојот чекор со Бог?

Свето Писмо

Ден 13Ден 15

Опис за овој план

Start Here | First Steps With Jesus

Доколку си во почетна фаза на запознавање на Исус и на Библијата или само му помагаш на некој пријател кој се наоѓа на ваква позиција - можеш да започнеш од тука. Во следните 15 дена овие 5-минутни звучни пораки ќе те водат во читањето на две основни книги од Библијата чекор по чекор: Марко и Колосјаните. Проследи ја Исусовата приказна и дознај ги основите на следбеништвото преку секојдневни прашања, самостојни размислувања или групни дискусии. Помини го планот самостојно за почеток, а потоа покани и пријател за заеднички да го поминете!

More

Би сакале да се заблагодариме на Тру д Ворд што го овозможија овој план за читање. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: http://throughtheword.org/