Започни од тука | Првите чекори со ИсусПримерок
Марко 4-5 | Добро семе и добра земја
Во Марко 4 и 5 глава Исус раскажува параболи - што всушност се поучни приказни кои служат како доказ дека Тој е феноменален оратор. Првата парабола која ја раскажал ќе ни помогне да дојдеме до одговор на две суштински прашања: што е Библијата и зошто треба да ја читаме?
Да започнеме со Марко 4 глава, стих 3:
”Слушајте! Ете, излезе сејач да сее. И кога сееше, едно зрно падна покрај патот, и дојдоа птици и го исколваа. Друго падна на каменлива почва, каде немаше многу земја; и никна брзо, зашто немаше длабока земја. А кога сонцето изгреа, овена и бидејќи немаше корен се исуши. И друго падна во трње, и трњето израсна и го загуши, па не донесе плод. А друго падна на добра земја и донесе плод, кој напредуваше и растеше, и принесе: едно триесет, и друго шеесет, а друго сто.”
И рече: „Кој има уши да слуша, нека слуша!”
Ова е приказна за полјоделство во која земјоделецот сади семе од кои некои семиња растат додека некои не успеваат во зависност од почвата. Ова можеби не звучи премногу возбудливо, но Исус нѝ ја кажува поентата во стихот 14:
“Земјоделецот го жнее зборот.”
Во Лука 8 глава Исус кажува:
“Семето е Зборот Божји” (Лука 8:11).
Исус го споредува Божјиот збор со семето, но ако размислуваме на семето како семе нема многу што да нѐ заинтересира, обично за плодот сме позаинтересирани, но тоа мало семе ги содржи скриени сите алатки и шеми за изградба на целата таа грмушка, растение или дрво почнувајки од коренот па се до гранките со плодови - и сето тоа проникнува од земја. Семето е неверојатно: ти го закопуваш, а тоа дава живот.
Исус нѝ вели дека Зборот Божји е семе што на нас можеби не ни изгледа така, но шемите на животот се наоѓаат во него, а сѐ што нам ни е потребно е добра почва.
Библијата е повеќе од една обична книга, таа е всушност збирка од 66 книги и претставува многу повеќе бидејки е Божји Збор. Во втора книга Тимотеј пишува,
“Целото Писмо е од Бога вдахновено“ (2 Тимотеј 3:16).
Тоа значи дека Библијата тврди дека е Божјиот Збор.
Но, ако во параболата Зборот претставува семе тогаш што претставува почвата?
Исус објаснува дека почвата се сите оние кои го слушаат зборот, јас, ти и нашите срца и продолжение кажува дека постојат четири типа на срце кога станува збор за примање на Божјиот Збор.
Некои срца се тврди како цврст камен од кои зборот се одбива. Други пак се како каменеста почва каде што има малку земја и семето може да порасне малку но не може да пушти длабок корен и кога ќе дојдат неволји се откажуваат од верата. Има и некои срца кои се како почва обрасната со трња и треви, преполни со задоволства и животни грижи што немаат простор за растење на верата. И на крај има некои срца кои... наликуваат на чиста убава почва која се претвора во градина, неверојатни срца.
Прашањето е како можеш да бидеш сигурен дека твоето срце е од тој тип што ќе дозволи на Божјиот Збор да расте? Одговорот треба да го побараме во Марко 4 глава. Запомни, моќта е во Божјиот збор, не во мојот. Јас сум тука само за да ти помогнам да започнеш, а мојата вистинска цел е да ја отвориш Библијата и да продолжиш да читаш самостојно.
Јас се надевам дека ќе створиш здрава навика за секојдневно читање на Библијата што е основен дел од следбеништвото на Исус. Да се чита Библијата секојдневно значи да се сади добро семе на добра почва која ќе вроди со плод.
Прочитај ги Марко 4 и 5 глава и размисли каков тип на почва сакаш да бидеш ти. Доколку имаш време прочитај ги цели поглавја за да дознаеш и за други уште поневеројатни приказни кои ги раскажувал Исус како што се смирување на страшни бури, изгонување на демони, исцелување на болните и оживување на мртви и сето ова преку моќта на Неговиот збор. Доколку Исусовите зборови имаат моќ да го направат ова, замисли што сѐ можат да направат во твојот живот. Се што ти е потребно е - добра почва.
За размислување и дискусија:
- Што мислиш, која е причината што Исус го претставува Божјиот Збор како семе? Какви сличности имаат овие две нешта?
- Доколку почвата го претставува твоето срце, што мислиш дека можеш да направиш за Зборот да биде засаден на добра почва за да има простор да расте и донесе плод?
- На кој начин Божјиот збор влијае на тебе и луѓето во твојот живот? Сподели ја твојата приказна.
Опис за овој план
Доколку си во почетна фаза на запознавање на Исус и на Библијата или само му помагаш на некој пријател кој се наоѓа на ваква позиција - можеш да започнеш од тука. Во следните 15 дена овие 5-минутни звучни пораки ќе те водат во читањето на две основни книги од Библијата чекор по чекор: Марко и Колосјаните. Проследи ја Исусовата приказна и дознај ги основите на следбеништвото преку секојдневни прашања, самостојни размислувања или групни дискусии. Помини го планот самостојно за почеток, а потоа покани и пријател за заеднички да го поминете!
More