Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дади и значење на твојата работаПримерок

Give Your Work Meaning

3 ДЕН ОД 4

Потпирај се на Бог во секое време

Многу е значајно за кого работиме и тоа за кого работиме може да влијае на нашата перцепција за тоа колку е значајна нашата работа. Поверојатно е дека ќе дадеме сѐ од себе доколку имаме позитивно мислење за организацијата во која работиме и ги почитуваме луѓето со кои што соработуваме. Додека во обратниот случај на лош третман и проблеми со колегите, лесно е да се обесхрабриш, исфрустрираш или да се налутиш. Судот на луѓето околу нас може да влијае негативно врз нашата мотивација за вршење на квалитетна работа. 

Јосиф имаше многу причини да биде лут и загорчен кога го фрлија во затвор за нешто што не го направил, сепак, тој продолжи да се потпира на Бог и му служеше на чуварот на затворот најдобро што знае. Поради добро завршената работа го поставија како шеф на сите затвореници. Јосиф покажа грижа во моментот кога пекарот и винарот беа вознемирени со тоа што ги ислуша нивните лоши соништа и ги толкуваше како што му покажа Бог. Поради неговата добрина винарот го преопорача Јосиф пред фараонот кога дозна дека и фараонот имал лош сон што никој не можел да го толкува. Во тие моменти Јосиф не се трудеше да остави добар впечаток и му кажа на фараонот дека никој не може да ги толкува соништата освен Бог пред да почне да го толкува сонот како што сака Бог.

Бог го постави Јосиф над целиот Египет поради тоа што беше верен во затворот (Лука 16:10). Бог беше со Јосиф низ целото време, подготвувајки го, давајки му мудрост и раководејки со сите околности за да ја постигне Својата цел. 

Доколку нашата мотивација за да работиме најдобро зависи од односот на другите, тогаш нашата посветеност на давање квалитетна услуга ќе биде нестабилна. Што ќе се случи доколку се потпираш на Бог во текот на работата? Да работиме за Бог нѝ дава сила да бидеме постојани во добрите резултати. Можеш ли повеќе да се потпираш на Бог за работата што ја вршиш денес?

Молитва

Татко прости ми што дозволувам судот што го имам за другите да влијае негативно на мојот начин на работа. Зголеми ја мојата вера за тоа дека ќе го искористиш мојот труд за Твоја слава. Помогни му на моето срце за да можам да имам позитивно мислење. Во името на Исус, Амин.

 

Ден 2Ден 4

Опис за овој план

Give Your Work Meaning

Најголемиот дел од луѓето, дури 50 проценти од својот живот го поминуваат работејќи. Сакаме да знаеме дека нашата работа значи нешто – дека нашата работа е важна. Но, стресот, побарувањата и незгодите кои ни се случуваат попатно, можат да предизвикаат тежина – односно да ни се чини доста тешко да добиеме нешто. Овој план за читање ќе ви помогне да ја препознаете моќта која ја поседувате да изберете позитивно значење на вашата работа, кое е вкоренето во вашата вера. 

More

Би сакале да се заблагодариме на Workmatters, што ни овозможи да го прочитаме овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја нивната веб страна: http://www.workmatters.org/workplace-devotions/