Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дади и значење на твојата работаПримерок

Give Your Work Meaning

2 ДЕН ОД 4

Прифати го Божјото значење во работата

Многу често, христијаните се залажуваат дека единствената работа која е важна во очите на Бог е пасторската, мисионерската и работата на невладините организации. Има опасност да расудиме дека другите професии се безначајни и со тоа правиме простор за негативно да влијаеме врз нашиот став и мотивација. Факт е дека сите работни позиции му се важни на Бог и дека Тој сака да се здружиме со Него каква работа и да работиме, работа преку која Му служиме Него и ги исполнуваме Неговите цели.

Јосиф беше сигурен дека преку работата му служи на Бог и поради тоа не се доведе до погрешно однесување, иако поминуваше низ многу лоши искушенија. Тој не го издржа сето ова само поради тоа што самата работа не беше неговата крајна цел и повик, туку поради тоа што тој беше сигурен дека работи за Бог. Како резултат на ова во Создавање 39 глава може да прочитаме четири пати (Созд 39:2, 3, 21, 23) дека „Бог беше со Јосиф“. Кога жената на Потифар упорно му пристапуваше на Јосиф, тој кажа дека „господарот не се грижи за ништо во неговата куќа. […] Како е можно јас ... да направам грев пред Бог?” Јосиф знаеше дека неговиот успех му е даден од Бог и дека тој мора да му оддава чест на Бог трудејки се да биде безгрешен.

Иако Јосиф одбра да биде праведен, тој беше неправедно обвинет, избркан од работа, фрлен во затвор и покрај сите нефер околности тој никогаш не престана да му оддава чест на Бог и да им служи на луѓето околу него. Тогаш, Бог повторно ја покажа Неговата благонаклонетост кон Јосиф, овој пат преку затворскиот стражар.

Понекогаш и ние можеби ќе искусиме нефер околности на работа исто како Јосиф, но мора да се чуваме од развивање на негативен став према нашата работа кога нештата ќе тргнат наопаку. Исус нѝ кажа дека „Во овој свет ќе имате маки, но не грижете се зошто јас го победив светот“ (Јован 16:33). Ние мора постојано да бидеме во Христос и Тој во нас независно од околностите за да може работата која ја вршиме да донесе многу плод (Јован 15:5). 

Што можеш да направиш денес за да видиш како Бог гледа на твојата работа?

Молитва

Господе Боже, ти благодарам за работата која си ми ја дал и за успехот кој го постигнувам. Помогни ми цело време да пребивам во тебе за да можам најдобро да им служам на луѓето независно од тоа дали околностите ми одговараат или не. Помогни ми да бидам фокусиран на Исус. Во името на Исус, Амин.

Понатамошни подготовки

Разгледај како можеш да ја пронајдеш Божјата цел во работата. Погледни го ова видео со Бони Вурцбахер , поранешен потпретседател на Кока Кола.

Ден 1Ден 3

Опис за овој план

Give Your Work Meaning

Најголемиот дел од луѓето, дури 50 проценти од својот живот го поминуваат работејќи. Сакаме да знаеме дека нашата работа значи нешто – дека нашата работа е важна. Но, стресот, побарувањата и незгодите кои ни се случуваат попатно, можат да предизвикаат тежина – односно да ни се чини доста тешко да добиеме нешто. Овој план за читање ќе ви помогне да ја препознаете моќта која ја поседувате да изберете позитивно значење на вашата работа, кое е вкоренето во вашата вера. 

More

Би сакале да се заблагодариме на Workmatters, што ни овозможи да го прочитаме овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја нивната веб страна: http://www.workmatters.org/workplace-devotions/