Дади и значење на твојата работаПримерок
Значењето на нашата работа е наш избор
Во Битие 37:5-7 и 9, Јосиф сонуваше дека Бог има големи планови за неговиот живот. Сонуваше дека ќе биде на многу моќна позиција заради која што дури и членовите на неговата фамилија ќе му се поклонуваат. Неговите браќа станаа љубоморни и посакаа да се ослободат од својот помал брат. Кога беа далеку од дома и Јосиф дојде сам да ги провери, тие ја зграпчи ја можноста и го продадоа како роб. Може да се каже дека Јосиф помина многу пат.
Јосиф беше присилен да работи во друга земја каде жителите немаа никаква почит кон Бог, но тие не можеа да му ја одземат слободата да избере каков однос Јосиф ќе има кон својата работа.кој го имаше Јосиф кон неговата работа. Јосиф не дозволи неговата позиција да го дефинира него. Иако неговиот газда беше Потифар, Јосиф одлучи да му служи на Бог и да ја работи беспрекорно својата работа. Како резултат на тоа, Бог го награди Јосиф со успех во се што правеше и Потифар го назначи Јосиф на чело на сите негови поседи.
Сите сонуваме за работата која сакаме да ја работиме. Без оглед на се, сите ние - свесно или несвесно - самите бираме какво значење ќе има нашата работа за нас. Значењето кое ќе и го дадеме на нашата работа го одредува и ставот кој ќе го имаме кон истата, а самото тоа го одредува и квалитетот со кој ќе ја вршиме, а тоа влијае на начинот на кој Бог би можел да не искористи нас.
Ние ја имаме слободата да избереме позитивен став кон нашата работа. Кога ќе го направиме тоа, не само што одлично ќе ја работиме својата работа туку и ќи им помогне на другите да го видат Христос во нас. На крајот ние се идентификуваме со Христос, не со нашата работа. Побарај од Бог да ти го покаже значењето на твојата работа во Неговото Царство.
Молитва
Татко Небесен, помогни ми да ја видам својата работа преку Твоите очи денес. Помогни ми да се сетам дека Ти ја користиш сета моја добро завршена работа од љубов кон Тебе, за да ја покажеш Христовата љубов на другите. Помогни им на оние кои што работат со мене да ја го видат Христос во мене денес. Во името на Исус. Амин.
За понатамошни истражувања
Откриј како да најдеш цел дури и во најобичните работи. Блог Работата е важна.
Свето Писмо
Опис за овој план
Најголемиот дел од луѓето, дури 50 проценти од својот живот го поминуваат работејќи. Сакаме да знаеме дека нашата работа значи нешто – дека нашата работа е важна. Но, стресот, побарувањата и незгодите кои ни се случуваат попатно, можат да предизвикаат тежина – односно да ни се чини доста тешко да добиеме нешто. Овој план за читање ќе ви помогне да ја препознаете моќта која ја поседувате да изберете позитивно значење на вашата работа, кое е вкоренето во вашата вера.
More