Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Освалд Чемберс: Мир - Живот во духотПримерок

Oswald Chambers: Peace - Life in the Spirit

9 ДЕН ОД 30

Кога Бог се отелотворил преку Исус Христос со цел да ги избрише нашите гревови, човекот не гледал ништо во Него што го посакувал. Но, кога срцето на еден грешник е допрено, тогаш срцето и умот се во состојба да разберат зошто било важно Бог да се отелотвори. Најлошата состојба во која човек може да биде е да нема никакво убедување за гревот во него, туку да се чувствува убаво и пријатно во себеси, но, апсолутно мртво во сферата на она што го претставува Исус.

Повеќето од нас се плитки и не се замараат со реалноста. Зафатени сме со размислување за конкретните удобности што ги имаме со мир и леснотија и кога Духот Божји доаѓа во нас, ни ја нарушува рамнотежата на нашиот живот и ние преферираме да го иднорираме она што Тој сака да ни го каже.

Прашања за размислување: Зошто световниот мир е привремен и не носи ништо добро? Зошто удобноста во нас е мир за непријателот?

Цитати преземени од „Bringing Sons into Glory“ и „The Psychology of Redemption“, © Discovery House Publishers

Свето Писмо

Ден 8Ден 10

Опис за овој план

Oswald Chambers: Peace - Life in the Spirit

„Мир: Живот во Духот“ е инспирационо богатство на цитати од делата на Освалд Чемберс, светски познат писател на инспиративни приказни и автор на делото „Моето најдобро за Неговото Височество“ (My Utmost for His Highest). Најди засолниште во Бога и постигни подлабоко разбирање за важноста на Божјиот мир во твојот живот.

More

Благодарни сме на Discovery House Publishers за овој план. За повеќе информации, види: www.utmost.org