Освалд Чемберс: Мир - Живот во духотПримерок
Лесно е да се проповеда, неверојатно лесно е да им се кажува на луѓето што да прават; друга работа е да ја пренесеш Божјата порака во бумеранг — „Ти ги поучуваш овие луѓе дека треба да бидат исполнети со мир и радост, но, што е со тебе? Дали ти си исполнет со мир и радост?“ Вистински сведок е оној чие светло свети пред него и го рефлектира карактерот на Исус; оној кој ја живее Вистината како што и ја проповеда.
Начинот на кој Божјиот живот се манифестира во радост е во мирот кој нема потреба од покажување пред други. Кога човек пренесува порака која знае дека е Божја порака, сведоштвото за целта на пораката се добива веднаш, Божјиот мир се спушта на него и човекот не се грижи дали некој ќе го пофали или осуди за тоа што го кажал.
Прашања за размислување: Која вистина ја пренесувам подобро во пракса? Дали постои нерешен конфликт помеѓу мене и некој друг што стои како сенка пред светлото на Христос во мене? Дали постои гордост која ме спречува да се помирам со тој човек?
Цитати преземени од „The Love of God“, © Discovery House Publishers

Свето Писмо
Опис за овој план
„Мир: Живот во Духот“ е инспирационо богатство на цитати од делата на Освалд Чемберс, светски познат писател на инспиративни приказни и автор на делото „Моето најдобро за Неговото Височество“ (My Utmost for His Highest). Најди засолниште во Бога и постигни подлабоко разбирање за важноста на Божјиот мир во твојот живот.
More
Благодарни сме на Discovery House Publishers за овој план. За повеќе информации, види: www.utmost.org