Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Освалд Чемберс: Мир - Живот во духотПримерок

Oswald Chambers: Peace - Life in the Spirit

6 ДЕН ОД 30

Колку од верата, надежта и љубовта работат во нас кога се обидуваме да убедиме некој друг? Не е наша работа да убедуваме некого за нешто, тоа е инсистирање на само интелектуален, не духовен живот. Светиот Дух ќе го изврши убедувањето преку пренесувањето на Божјиот Збор. Ние ги искористуваме Божјите зборови да се вклопат во некоја слика кои сами сме ја создале; но мирот и одморот во Исус Христос, ќе ни кажат точно каде се наоѓаме.

Да „одмараш во Бог“ претставува совршенство на внатрешна активност. Во обичното размислување на еден човек, тоа би значело да седиш со скрстени раце и да чекаш Бог да прави сѐ; но, во реалноста, апсолутно да зависиш од Бог значи да си ја вршиш својата работа без многу дигање врева околу тоа. Зошто Бог најмногу работи во нас во моментите кога најмалку размислуваме за тоа.

Прашања за размислување: Колку од мојот умор се должи на тоа да постигнам мир во склоп на моите норми, отколку да се надевам на Бог? Кој дел од тој процес на создавање мир ми припаѓа мене, а колку на Бог?

Цитати преземени од „If Thou Wilt Be Perfect“, © Discovery House Publishers
Ден 5Ден 7

Опис за овој план

Oswald Chambers: Peace - Life in the Spirit

„Мир: Живот во Духот“ е инспирационо богатство на цитати од делата на Освалд Чемберс, светски познат писател на инспиративни приказни и автор на делото „Моето најдобро за Неговото Височество“ (My Utmost for His Highest). Најди засолниште во Бога и постигни подлабоко разбирање за важноста на Божјиот мир во твојот живот.

More

Благодарни сме на Discovery House Publishers за овој план. За повеќе информации, види: www.utmost.org