Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Освалд Чемберс: Мир - Живот во духотПримерок

Oswald Chambers: Peace - Life in the Spirit

5 ДЕН ОД 30

Понекогаш децата се плашат од темнина. Стравот силно навлегува во нивните срца и нерви и кога ќе го слушнат гласот на мајката или таткото, наеднаш сѐ се смирува и продолжуваат со спиењето. Во нашето духовно искуство се случува истото. Стравот доаѓа и нашите срца се полнат со огромен страв; тогаш слушаме како некој го повикува нашето име и гласот Господов кој вели: „Јас Сум, не плаши се“, така доаѓа мирот Божји што го надминува секое разбирање и ги обзема нашите срца.

Човекот никогаш не може да биде ист откако ќе ги слушне проповедите на Исус Христос. Може да каже дека не обрнал внимание на нив; или дека ги заборавил, но, никогаш нема да биде истиот. Вистината може да се појави во кој било момент и да го растури неговото спокојство и среќа.

Прашања за размислување: Што е она што ме плаши? Кога се плашам најмногу? Кои зборови од Исус ме алармираат? Кои зборови од Исус ги тргаат моите стравови?

Цитати преземени од „Servant as His Lord“ и „Run Today’s Race“, © Discovery House Publishers

Свето Писмо

Ден 4Ден 6

Опис за овој план

Oswald Chambers: Peace - Life in the Spirit

„Мир: Живот во Духот“ е инспирационо богатство на цитати од делата на Освалд Чемберс, светски познат писател на инспиративни приказни и автор на делото „Моето најдобро за Неговото Височество“ (My Utmost for His Highest). Најди засолниште во Бога и постигни подлабоко разбирање за важноста на Божјиот мир во твојот живот.

More

Благодарни сме на Discovery House Publishers за овој план. За повеќе информации, види: www.utmost.org