Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Летописи 15

15
Подготовки за пренесување на ковчегот на заветот
1 # 2 Сам 6,17; Пс 132,1-18 Тогаш си изгради тој палата во Давидовиот град, подготви мес­то за ковчегот Божји и направи скинија за него. 2#4 Мојс 1,50; 3,6; 4,15; 5 Мојс 10,8; 31,25; Пс 134,1; 135,2; 2 Лет 5,5И рече Давид: „Никој не смее да го носи ковчегот Божји, освен левитите, бидејќи нив ги избра Господ, за да го носат ковчегот Господов и да Му служат засекогаш.“ 3И ги собра Давид сите Израелци во Ерусалим, за да го внесат ковчегот Гос­подов на местото негово, што го беше поставил за него. 4#4 Мојс 3,17-20Па ги свика Давид синовите Ароно­ви и левитите: 5од синовите Каатови, началникот Уриил и браќата негови – сто и дваесет души; 6од синовите Мерариеви, начал­никот Асаја и браќата негови – двесте и дваесет души; 7од синовите Гершомови, начал­никот Јоил и браќата негови – сто и триесет души; 8од синовите Елицафанови, начал­никот Шемаја и браќата негови – двесте; 9од синовите Хевронови, начални­кот Елиил и браќата негови – осумдесет; 10од синовите Узиилови, начални­кот Аминадав и браќата негови – сто и дванаесет. 11#1 Сам 22,20И ги повика Давид свештениците: Садок и Авијатар, и левитите: Уриил, Асаја, Јоил, Шемаја, Елиил и Ами­надав, 12#2 Мојс 29,1; 30,19-21; 3 Мојс 11,44и им рече: „Вие, началници на ле­витските родови, осветете се, вие и браќата ваши, и однесете го ковчегот на Господ, Бог Израелов, на местото, што сум му го подготвил; 13#3 Мојс 5,10; 1 Цар 8,4и поради тоа што порано не го вршевте вие тоа, Господ, Бог наш, нѐ раздели, затоа што не Го баравме, како што требаше.“ 14И се осветија свештениците и левитите, за да го носат ковчегот на Господ, Бог Израелов. 15#2 Мојс 25,14; 4 Мојс 7,9; 2 Сам 6,7И синовите левитски го понесоа ковчегот Божји, како што беше запо­ведал Мојсеј според словото Господово, на раменици, со лостови. 16#Амос 6,5; Јов 21,12; Езд 3,10; 2 Лет 7,6Тогаш Давид им заповеда на левитските началници да ги постават браќата свои певци со свирки – харфи, лири и кимвали, да разгласат со висок радосен глас. 17Левитите го поставија Јоиловиот син Еман, и од браќата негови – Вара­хиевиот син Асаф, а од синовите Мера­риеви, нивни браќа – Кушаие­виот син Етан; 18#2 Сам 6,10и со нив браќата нивни, од втор ред: Захарија, Јаазиел, Шемирамот, Јехиил, Униј, Елијав, Ванеја, Маа­сејаху, Мати­тија, Елифлеху, Микнеја, Аведар и Јеиел – вратари. 19Еман, Асаф и Етан удираа силно на бакарни кимвали, 20а Захарија, Азиел, Шемирамот, Јехиил, Униј, Елијав, Маасејаху и Ване­ја – на харфи, според Аламот#15,20 односно со високи звуци.. 21А Матитија, Елифлеху, Микнеја, Аведар, Јеиел и Азазија – на лири, спо­ред Шеминит#15,21 односно во осминска придружба.. 22Кенанија, пак, началник левитски, бе­ше учител по пеење, зашто беше вешт во пеењето. 23Варахија и Елкана беа вратари кај ковчегот. 24#2 Лет 5,12; 7,6Шеванија, Јосафат, Натанаил, Амасај, Захарија, Ванеја и Елиезер, свештеници, трубеа со труби пред ков­чегот Божји. Аведар и Јехија беа вратари кај ковчегот.
Пренесување на ковчегот на заветот во Ерусалим
(2 Сам 6,12-22)
25 # Ер 3,16; 2 Лет 4,1; 5,2 И така Давид и старешините изра­елски и илјадниците отидоа да го пренесат ковчегот на заветот Гос­подов од домот на Аведар со веселба. 26#4 Мојс 23,1-4.29И кога Бог им помогна на левитите, што го носеа ковчегот на заветот Гос­подов, заклаа како жртва седум телиња и седум овни. 27Давид беше огрнат со наметка од тенко платно, а исто така и сите левити, и пејачите што го носеа ков­чегот, како и Кенанија, кој рако­водеше со сви­рачите и со пејачите. Давид носеше и ленен ефод. 28#2 Мојс 19,13; 1 Цар 1,39И така сиот Израел го внесуваше ковчегот на заветот со извици, при звуци од рог, труби и кимвали, свирејќи на харфи и лири. 29Кога ковчегот на заветот Госпо­дов влегуваше во Давидовиот град, Михала, Сауловата ќерка, гледаше од прозорецот и, откако го виде царот Давид како игра и се весели, го презре во срцето свое.

Селектирано:

1 Летописи 15: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се