Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Летописи 14

14
Животот на Давид во Ерусалим
(2 Сам 5,11-16)
1 # Агеј 1,8; Езд 3,7; 2 Лет 2,3 Тирскиот цар Хирам испрати кај Давид пратеници, кедрови дрвја, и каменоделци, за да му изградат дом. 2#4 Мојс 24,7; 5 Мојс 26,19Откако разбра Давид дека Господ го утврдил за цар над Израел, дека царството негово се воздигнува висо­ко, заради народот негов Израел, 3тој си зеде уште жени во Еру­салим, и му се родија уште синови и ќерки. 4Еве ги имињата на оние што му се родија во Ерусалим: Шамуа, Шовав, Натан и Соломон, 5Јивхар, Елишуа, Елпелет, 6Ногах, Нефег, Јафија, 7Елишама, Беелјада, Елифелет.
Победа над Филистејците
(2 Сам 5,17-25)
8И слушнаа Филистејците дека Давид бил помазан за цар над целиот Израел, и сите тие се кренаа да го фа­тат Давид. А Давид, откако разбра, излезе против нив. 9#Ис.Н. 15,8Филистејците дојдоа и се распоредија во Рефаимската Долина. 10Давид Го праша Бога, велејќи: „Да одам ли против Филистејците, и ќе ги предадеш ли во рацете мои?“ Господ му одговори: „Оди, Јас ќе ги предадам во рацете твои.“ 11#Ис 28,21; Пс 94,16Тие отидоа во Ваал-Перацим, и таму ги порази Давид. И рече Давид: „Бог продре меѓу моите непријатели преку раката моја како што продира вода.“ Затоа и го нарекоа тоа место Ваал-Перацим. 12#2 Мојс 32,20; Ис.Н. 7,15И Филистејците ги оставија бого­вите свои таму, а Давид заповеда, да ги изгорат. 13И пак дојдоа Филистејците и се улогорија во долината. 14Давид пак Го праша Бога, и Бог му одговори: „Не оди им во пресрет, туку заобиколи ги и оди кон нив откај црниците; 15и кога ќе чуеш шум како од врвеж по црничини врвови, тогаш почни ја борбата, зашто Бог ќе излезе пред тебе за да ја порази филистејската војска.“ 16#Ис.Н. 9,3; 10,33Давид направи така, како што му заповеда Господ, и ја порази филистеј­ската војска, од Гаваон до Гезер. 17#2 Мојс 15,14-16; 5 Мојс 2,25; Ис.Н. 6,27; Пс 2,1-12И Давидовото име се прочу по сите земји, и Господ направи да се плашат од него сите народи.

Селектирано:

1 Летописи 14: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност