1 Летописи 15
15
Подготовки за пренесување на ковчегот на заветот
1 #
2 Сам 6,17; Пс 132,1-18 Тогаш си изгради тој палата во Давидовиот град, подготви место за ковчегот Божји и направи скинија за него. 2#4 Мојс 1,50; 3,6; 4,15; 5 Мојс 10,8; 31,25; Пс 134,1; 135,2; 2 Лет 5,5И рече Давид: „Никој не смее да го носи ковчегот Божји, освен левитите, бидејќи нив ги избра Господ, за да го носат ковчегот Господов и да Му служат засекогаш.“ 3И ги собра Давид сите Израелци во Ерусалим, за да го внесат ковчегот Господов на местото негово, што го беше поставил за него. 4#4 Мојс 3,17-20Па ги свика Давид синовите Аронови и левитите: 5од синовите Каатови, началникот Уриил и браќата негови – сто и дваесет души; 6од синовите Мерариеви, началникот Асаја и браќата негови – двесте и дваесет души; 7од синовите Гершомови, началникот Јоил и браќата негови – сто и триесет души; 8од синовите Елицафанови, началникот Шемаја и браќата негови – двесте; 9од синовите Хевронови, началникот Елиил и браќата негови – осумдесет; 10од синовите Узиилови, началникот Аминадав и браќата негови – сто и дванаесет. 11#1 Сам 22,20И ги повика Давид свештениците: Садок и Авијатар, и левитите: Уриил, Асаја, Јоил, Шемаја, Елиил и Аминадав, 12#2 Мојс 29,1; 30,19-21; 3 Мојс 11,44и им рече: „Вие, началници на левитските родови, осветете се, вие и браќата ваши, и однесете го ковчегот на Господ, Бог Израелов, на местото, што сум му го подготвил; 13#3 Мојс 5,10; 1 Цар 8,4и поради тоа што порано не го вршевте вие тоа, Господ, Бог наш, нѐ раздели, затоа што не Го баравме, како што требаше.“ 14И се осветија свештениците и левитите, за да го носат ковчегот на Господ, Бог Израелов. 15#2 Мојс 25,14; 4 Мојс 7,9; 2 Сам 6,7И синовите левитски го понесоа ковчегот Божји, како што беше заповедал Мојсеј според словото Господово, на раменици, со лостови. 16#Амос 6,5; Јов 21,12; Езд 3,10; 2 Лет 7,6Тогаш Давид им заповеда на левитските началници да ги постават браќата свои певци со свирки – харфи, лири и кимвали, да разгласат со висок радосен глас. 17Левитите го поставија Јоиловиот син Еман, и од браќата негови – Варахиевиот син Асаф, а од синовите Мерариеви, нивни браќа – Кушаиевиот син Етан; 18#2 Сам 6,10и со нив браќата нивни, од втор ред: Захарија, Јаазиел, Шемирамот, Јехиил, Униј, Елијав, Ванеја, Маасејаху, Матитија, Елифлеху, Микнеја, Аведар и Јеиел – вратари. 19Еман, Асаф и Етан удираа силно на бакарни кимвали, 20а Захарија, Азиел, Шемирамот, Јехиил, Униј, Елијав, Маасејаху и Ванеја – на харфи, според Аламот#15,20 односно со високи звуци.. 21А Матитија, Елифлеху, Микнеја, Аведар, Јеиел и Азазија – на лири, според Шеминит#15,21 односно во осминска придружба.. 22Кенанија, пак, началник левитски, беше учител по пеење, зашто беше вешт во пеењето. 23Варахија и Елкана беа вратари кај ковчегот. 24#2 Лет 5,12; 7,6Шеванија, Јосафат, Натанаил, Амасај, Захарија, Ванеја и Елиезер, свештеници, трубеа со труби пред ковчегот Божји. Аведар и Јехија беа вратари кај ковчегот.
Пренесување на ковчегот на заветот во Ерусалим
(2 Сам 6,12-22)
25 #
Ер 3,16; 2 Лет 4,1; 5,2 И така Давид и старешините израелски и илјадниците отидоа да го пренесат ковчегот на заветот Господов од домот на Аведар со веселба. 26#4 Мојс 23,1-4.29И кога Бог им помогна на левитите, што го носеа ковчегот на заветот Господов, заклаа како жртва седум телиња и седум овни. 27Давид беше огрнат со наметка од тенко платно, а исто така и сите левити, и пејачите што го носеа ковчегот, како и Кенанија, кој раководеше со свирачите и со пејачите. Давид носеше и ленен ефод. 28#2 Мојс 19,13; 1 Цар 1,39И така сиот Израел го внесуваше ковчегот на заветот со извици, при звуци од рог, труби и кимвали, свирејќи на харфи и лири. 29Кога ковчегот на заветот Господов влегуваше во Давидовиот град, Михала, Сауловата ќерка, гледаше од прозорецот и, откако го виде царот Давид како игра и се весели, го презре во срцето свое.
Селектирано:
1 Летописи 15: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006