1 Летописи 16
16
Давидов псалм за слава при пренесувањето на ковчегот
1Го донесоа ковчегот Божји и го поставија среде скинијата, што ја беше направил Давид за него и Му принесе на Бога жртви сепаленици, и помирителни жртви. 2#2 Мојс 39,43; 4 Мојс 6,23-26Кога Давид заврши со сепалениците и принесувањето на помирителни жртви, го благослови народот во името Господово, 3#Ис 16,7и им раздаде на сите Израелци, и на мажи и на жени, по еден леб, по едно парче месо и по чаша вино. 4Тогаш постави тој на служба пред ковчегот Господов некои од левитите, за да славословат, да благодарат и да Го превознесуваат Господ, Бог Израелов: 5Асаф – за раководител, втор по него – Захарија, Јеиел, Шемирамот, Јехиил, Матитија, Елијав, Ванеја, Аведар и Јеиел со харфи и лири, и Асаф – да удира на кимвали, 6а Ванеја и Јахазиел, свештеници, – да трубат постојано пред ковчегот на заветот Божји.
Славопојни песни
(Пс 96,1-13; 105,1-15; 106,1.47-48)
7Во тој ден Давид за првпат даде псалм за славословие на Господ преку Асаф и браќата негови: 8#2 Цар 19,19; Пс 107,1; 118,1; 136,1„Славете Го Господа, разгласувајте го името Негово; кажувајте ги делата Негови меѓу народите; 9#2 Мојс 15,1пејте Му, свирете Му; раскажувајте за сите Негови чудеса; 10#Пс 66,2фалете се со Неговото свето име; нека се весели срцето на оние, кои Го бараа Господа; 11побарајте Го Господа и силата Негова, барајте го постојано лицето Негово, 12#5 Мојс 4,34; Пс 78,43спомнувајте ги чудесата, што ги изврши, знаците Негови и судовите од устата Негова; 13вие, семе Израелово, слуги Негови, синови Јаковови, избраници Негови! 14Тој е Господ, Бог наш; Неговите судови се по целата земја. 15#1 Мојс 8,1; Пс 98,3; 111,5Помнете го вечно заветот Негов, словото, што го заповеда за илјада родови, 16#1 Мојс 12,7; 15,18она, што му го вети на Авраам и во кое му се колнеше на Исак. 17#1 Мојс 35,9-12Тој му ја постави на Јаков за закон и на Израел за вечен завет, 18#1 Мојс 13,14-17велејќи: ‚Тебе ќе ти ја дадам земјата хананска, како ваш наследен дел.‘ 19#5 Мојс 7,7Тие тогаш беа малубројни, мошне малку и во неа беа придојдени, 20#1 Мојс 20,13и талкаа од народ до народ и од едно царство до друго племе; 21#1 Мојс 12,17; 20,3; 2 Мојс 7,15-18; Пс 9,4но не дозволи никому да ги навредува и ги разобличуваше заради нив царевите: 22#1 Мојс 20,7‚не гибајте ги Моите помазаници и не правете им зло на Моите пророци.‘ 23Пеј Му на Господ, цела земјо, навестувајте го од ден во ден спасението од Него. 24#Ис 42,12; 66,19Разгласувајте ја меѓу незнабошците славата Негова, и меѓу сите луѓе чудесата Негови, 25#2 Мојс 18,11; 5 Мојс 32,39; Ис 40,25; Пс 18,2; 2 Лет 2,5зашто Господ е голем и достоен за слава, пострашен од сите богови. 26Зашто сите богови на народите се ништо, а Господ ги создаде небесата. 27Слава и величие пред лицето Негово, сила и радост во Неговото Свето место. 28#Пс 29,1-2Воздајте Му на Господ, племиња народни, воздајте Му на Господ слава и чест! 29#Пс 29,1-2; 2 Лет 20,21Воздајте Му ја на Господ славата на името Негово. Принесете дар, дојдете пред лицето Негово, поклонете Му се на Господ во сјајот на светлината Негова. 30#Пс 2,11; 33,8Трепери пред Него, цела земјо, зашто Тој ја основа вселената, и таа нема да се разниша. 31#Ис 44,23; 49,13Нека се веселат небесата, да ликува земјата, и нека се вели меѓу народите: ‚Господ царува!‘ 32#2 Мојс 20,11; Ис 42,10Нека се бранува морето и сѐ што го исполнува, да се радува полето и сѐ што е на него. 33#Ис 2,4; 14,8; 55,12Да ликуваат заедно сите дрвја во лаговите пред лицето на Господ, зашто Тој доаѓа да ја суди земјата. 34#Ис 12,4; Пс 105,1; Езд 3,11; 2 Лет 5,13; 7,3Славете Го Господа, зашто Тој е добар и милоста Му е вечна, 35и речете: ‚Спаси нѐ, Боже, Спасителе наш! Собери нѐ и избави нѐ од народите, за да го славиме Твоето свето име и да се фалиме со Твојата слава!‘ 36#1 Цар 8,15; Пс 72,18-19Благословен Господ, Бог Израелов, отсекогаш и засекогаш!“ И сиот народ рече: „Амин, алилуја!“
Богослужби во Ерусалим и во Гаваон
37 #
2 Лет 8,14
Давид ги остави таму, пред ковчегот на заветот Господов, Асаф и браќата негови за да служат пред ковчегот постојано, секој ден, 38Аведар и браќата негови, шеесет и осум души; Аведар, син Једутунов, и Хоса – за вратари; 39#1 Сам 2,35; Ис.Н. 9,3а свештеникот Садок и браќата негови, свештеници, ги остави пред Господовиот дом, што беше на висината на Гаваон, 40#2 Мојс 29,38; 4 Мојс 28,1-8за да принесуваат жртви на Господ врз жртвеникот за сепаленици постојано – наутро и навечер, и за сѐ што е пишано во законот на Господ, што Тој му го даде на Израел; 41и со нив Еман и Једутун и другите избраници, кои беа именувани посебно, за да Го слават Господа, зашто милоста Негова е вечна. 42#2 Лет 7,6Со нив Еман и Једутун да Го слават Бога, свирејќи со труби и кимвали и со разни свирки; а синовите Једутунови ги постави кај вратата. 43#2 Сам 6,19-20Потоа се разотиде сиот народ, секој во домот свој; си отиде и Давид, за да го благослови својот дом.
Селектирано:
1 Летописи 16: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006