Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Летописи 13

13
Давид го пренесува ковчегот на заветот
(2 Сам 6,1-11)
1Давид се советуваше со илјадниците, стотниците и со секој водач, 2и му кажа на целото собрание из­раелско: „Ако ви е угодно, и ако благоволи Господ, Бог наш, да испратиме до другите наши браќа насекаде по целата израелска земја, а исто така и до свеш­тениците и левитите во градовите и се­лата нивни, за да се соберат кај нас, 3#1 Сам 7,1-2; 2 Лет 1,5и да го пренесеме ковчегот на на­шиот Бог кај нас, зашто во времето на Саул не се обраќавме кон него.“ 4И целото собрание рече: „Така нека биде!“ зашто тоа му се виде праведно на целиот народ. 5#4 Мојс 13,21; Ис.Н. 13,3; 1 Сам 7,2Така Давид ги собра сите Израел­ци, од Шихор египетски до влезот во Хамат, за да го пренесат ковчегот Божји од Кирјат-Јарим. 6#2 Мојс 25,22; Ис.Н. 15,9; 2 Цар 19,15И отиде Давид и сиот Израел во Кирјат-Јарим, што е во Јудеја, за да го пренесат оттаму ковчегот на Бог, Го­с­под, Кој седи на херувими, врз кого се повикува Неговото име. 7#1 Сам 7,1И го повезоа ковчегот на нова кола од домот Авинадавов, а Оза и Ахјо ја водеа колата. 8#2 Лет 5,12Давид, пак, и сите Израелци играа со сета сила пред Бога, во придружба на гусли, псалтири, тимпани и труби. 9Кога стигнаа до Кидоновото гумно, Оза посегна со раката да го придржи ковчегот, бидејќи воловите го беа на­страниле. 10#3 Мојс 10,2Но Господ се разгневи на Оза и го погуби поради тоа што посегна со рака кон ковчегот, и тој умре на самото место пред Божјото лице. 11Давид се нажали затоа што Господ го погуби Оза. И го нарече тоа место Фарес-Оза#13,11 Озов пораз така се нарекува и до ден денешен. 12И во тој ден Давид се уплаши од Бога и рече: „Како ќе го внесам кај себе ковчегот Божји?“ 13И не го донесе Давид ковчегот кај себе во Давидовиот град, туку го засолни во куќата на Гетчанецот Аведар. 14#2 Сам 6,11И остана ковчегот Божји кај Аве­дар, во куќата негова, три месеци, и Господ го благослови домот на Аведар и сѐ што имаше.

Селектирано:

1 Летописи 13: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се