1 Летописи 12
12
Борците што му помагаа на Давид
1 #
Ис.Н. 15,31
Еве ги оние кои исто така дојдоа кај Давид во Циклаг, кога тој уште се криеше од Кисовиот син Саул; тие беа од јунаците, што помагаа во борбата, 2#Суд 3,15вооружени со лак, фрлаа со десната и со левата рака камења и пуштаа стрели со лак, беа од браќата Саулови, од Венијаминовците; 3началник беше Ахиезер, по него Јоас, синови на Шемаја од Гива; Језиел и Пелет, синови Азмаветови; Бераха и Јуј од Анатот; 4Јишмаја од Гаваон, јунак од триесетмина и водач на триесетмината; 5Еремија, Јахазиел, Јоханан и Јозавад од Гедера; 6Елузај, Јеремот, Беалија, Шемарија, Цафатија од Харуфа; 7Елкана, Јишија, Азариил, Јоезер, и Јашовам, од Кореовците; 8и Јоила и Зевадија, синови на Јерохам од Гедор.
Давидови следбеници од племето на Гад
9 #
1 Мојс 30,11; 2 Сам 2,18; 17,10 Кај Давид во тврдината, во пустината дојдоа мажи јунаци, од Гадовците, воинствени, вооружени со штит и копје; лицата нивни – лица лавовски, брзи како елени в гора. 10Главен беше Езер, втор Авдија, трет – Елијав, 11четврти Мишмана, петти – Еремија, 12шести – Атај, седми – Елиил, 13осми – Јоханан, деветти – Елзавад, 14десетти – Еремија, единаесетти – Махбанај. 15#3 Мојс 26,8; 5 Мојс 32,30Тие, синовите Гадови, беа началници во војската: најмалиот над сто души, а најголемиот над илјада. 16#Ис.Н. 3,15Тие минаа преку Јордан во првиот месец, кога тој се излива од бреговите свои, и ги прогонија сите оние што живееја во долините кон исток и кон запад.
Давидови следбеници од племињата на Венијамин и Јуда
17 #
2 Сам 3,19
Исто така и синовите Венијаминови и Јудини дојдоа во тврдината кај Давид. 18Давид излезе да ги пресретне и им рече: „Ако сте дошле со мир кај мене, за да ми помагате, тогаш јас и вие да имаме едно срце; но, ако доаѓате за да ме предадете со заговор на непријателите мои, кога нема во рацете мои неправда, Бог на татковците наши нека види и нека суди.“ 19#Суд 3,10; 1 Сам 25,5-6; 2 Сам 17,25; 2 Лет 15,1; 20,14; 24,20И духот го поттикна Амасај, началникот на триесеттемина, и тој рече: „Мир на тебе, Давиде, мир со тебе сине Јесеев! Мир на тебе, мир и на твоите помошници! Зашто твојот Бог ти помага.“ Тогаш Давид ги прими и ги постави на чело на војската.
Давидови следбеници од племето на Манасија
20 #
1 Сам 29,2-11
И од Манасиевото племе преминаа некои кон Давид, кога војуваше со Филистејците против Саул. Но Давид не им помогна на Филистејците, зашто војводите филистејски, откако се посоветуваа, го испратија, велејќи: „За наше зло тој ќе побегне кај својот господар Саул.“ 21#1 Сам 27,6Кога се враќаше Давид во Циклаг, прибегнаа кон него луѓето Манасиеви: Аднах, Јозавад, Михаил, Јозавад, Елијуј, Цилтај, илјадници кај Манасија. 22Тие му помагаа на Давид против четите на Гедор, зашто сите беа мажи храбри и беа началници на војската. 23Така секој ден придоаѓаа кај Давид на помош до толку, што неговата војска стана голема како војската Божја.
Војската на Давид
24 #
1 Сам 16,1; 2 Сам 2,3-4 Еве го бројот на вооружените за бој началници, што дојдоа кај Давид во Хеврон, за да му го предадат царството Саулово, според словото Господово. 25Од Јудините синови, копјеносци и штитоносци, имаше подготвени за војна шест илјади и осумстотини; 26од синовите Симеонови, мажи храбри, имаше во војската седум илјади и сто; 27од синовите Левиеви – четири илјади и шестотини; 28дојде и Јодај, началник од Ароновиот род, и со него три илјади и седумстотини; 29и младиот Садок, храбар јунак, и родот негов – дваесет и двајца началници; 30#2 Сам 2,8-9; 3,19од синовите Венијаминови, браќата Саулови, дојдоа три илјади; но уште многумина од нив му беа верни на Сауловиот дом; 31од синовите Ефремови – дваесет илјади и осумстотини храбри јунаци, мажи прочуени во родовите свои; 32од половината од племето Манасиево – осумнаесет илјади, кои поименично беа повикани, за да одат да го зацарат Давид; 33од синовите Исахарови дојдоа мажи разумни, кои ги познаваа времињата и знаеја кога и што треба да изврши Израел; тие беа двесте началници, и сите браќа нивни беа под нивно заповедништво; 34од племето Завулоново имаше готови за борба, вооружени со секакви воени оружја, педесет илјади, во строј, еднодушни; 35од племето Нефталимово – илјада војводи и со нив триесет и седум илјади со штитови и копја; 36од племето Даново – дваесет и осум илјади и шестотини, спремни за војна; 37од Асир – четириесет илјади војници, подготвени за борба; 38од онаа страна на Јордан, од племињата на Рувим и Гад и од другата половина од племето Манасиево, сто и дваесет илјади, со секакво воено оружје. 39#9,1Сите тие борци, наредени во строј, дојдоа со искрено срце во Хеврон, за да го зацарат Давид над целиот Израел. Па и сите други Израелци беа еднодушни да го зацарат Давид. 40#2 Сам 3,20; Ис 25,6-8И останаа таму кај Давид три дена, јадеа и пиеја, зашто браќата им беа подготвиле сѐ за нив; 41#1 Сам 25,18; 2 Сам 16,1; 17,29па и оние што беа поблиску до нив, дури до Исахаровото, Завулоновото и Нефталимовото племе, им донесуваа на магариња, камили, маски и волови сѐ за јадење: брашно, смокви, суво грозје, вино и масло, како и многу ситен и крупен добиток, бидејќи радоста беше голема за Израел.
Селектирано:
1 Летописи 12: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006