Јован 7
7
Исус и Неговите браќа
1 #
5,18
Потоа Исус одеше низ Галилеја, затоа што не сакаше да оди во Јудеја, бидејќи Јудејците сакаа да Го убијат. 2#2 Мојс 23,14.16; 3 Мојс 23,34; 4 Мојс 29,12-39; 5 Мојс 16,13-16; Зах 14,16-19; Неем 8,1-18А се приближуваше јудејскиот празник Сеници. 3#Мт 12,46; Мк 3,31; Дела 1,14Тогаш Неговите браќа Му рекоа: „Замини одовде и оди во Јудеја, та и Твоите ученици да ги видат делата што ги правиш. 4#4,48; 6,30Зашто никој не прави нешто тајно кога сака да се прочуе. Штом ги правиш овие работи, покажи му се на светот!“ 5#Мк 3,33-35Зашто ниту Неговите браќа не веруваа во Него. 6#2,4; 7,30; 8,20Тогаш Исус им рече: „Моето време уште не е дојдено, а за вас времето секогаш е погодно. 7#3,19-21; 15,18Вас светот не може да ве мрази, а Мене Ме мрази, зашто Јас сведочам за него дека делата му се лоши. 8#Лк 9,51Вие отидете на овој празник; Јас сѐ уште нема да одам на овој празник, зашто Моето време сѐ уште не се исполнило.“ 9Откако го рече тоа, остана во Галилеја.
Исус на празникот
10Но штом отидоа Неговите браќа и Тој отиде на празникот, но не јавно, туку скришум. 11#11,56А Јудејците Го бараа на празникот и велеа: „Каде е Оној?“ 12#7,40-43; Мт 27,63И многу расправии имаше меѓу народот за Него; едни зборуваа: „Добар е“, а други велеа: „Не, туку го заведува народот!“ 13#9,22; 12,42; 19,38; 20,19Но, сепак, никој не зборуваше отворено за Него, поради страв од Јудејците. 14А на средината од празникот, Исус влезе во храмот и поучуваше. 15#Мт 7,28-29; 13,54-57; Лк 2,47; Дела 4,13И Јудејците се чудеа, велејќи: „Како ги знае Овој Писанијата, кога не учел?“ 16#3,11-13.31-35; 12,49; 14,10Тогаш Исус им одговори и рече: „Моето учење не е Мое, туку на Оној што Ме прати; 17и ако некој сака да ја врши Неговата волја, ќе разбере дали ова учење е од Бога, или Јас Самиот од Себе зборувам. 18#5,41-44; 8,50; Пс 91,15Оној што зборува сам од себе, тој бара слава за себе; а кој ја бара славата на Оној што Го пратил, Тој е вистинит и во Него нема неправда. 19#1,17; 5,46-47; 8,37-41; Дела 7,53; Рим 2,17-23Зар Мојсеј не ви го даде Законот? И никој од вас не го исполнува Законот. Зошто сакате да Ме убиете?“ 20#8,48; 10,20; Мт 11,18; 12,24.27Народот одговори и рече: „Демон имаш! Кој сака да Те убие?“ 21#5,2-9.16Одговори Исус и им рече: „Едно дело извршив и сите се чудите. 22#1 Мојс 17,10-13; 21,4; 3 Мојс 12,3; Рим 4,11Мојсеј ви го даде обрезанието, не затоа што тоа е од Мојсеј, туку од татковците – и вие во сабота обрезувате човек. 23#Мт 12,1-5.11-12; Мк 3,5; Лк 13,15-16Ако човек се обрезува во сабота, за да не се наруши Мојсеевиот Закон, тогаш зошто се гневите на Мене што цел човек излекував во сабота? 24#8,15; 3 Мојс 19,15; Ис 11,3-4; Зах 7,9Не судете според надворешноста, туку судете со праведен суд!“ 25#5,18; 7,19; 8,37.40Тогаш некои од ерусалимците рекоа: „Не е ли ова Овој Кого сакаат да Го убијат? 26Ете, јавно говори и ништо не Му велат. Да не се увериле и началниците дека Тој е навистина Христос? 27#6,42; 7,41; 9,29Но Овој знаеме од каде е, а кога ќе дојде Христос, никој не ќе знае од каде е.“ 28#8,19.26; 19,9Тогаш Исус, поучувајќи во храмот, гласно извика и рече: „И Мене Ме знаете и знаете од каде сум; и Сам од Себе не дојдов, но вистинит е Оној што ме прати, Кого вие не Го знаете. 29#8,55; 17,25; Мт 11,27Јас, пак, Го знам, зашто од Него сум и Тој Ме прати.“ 30#2,4; Лк 4,29-30Тогаш сакаа да Го фатат, но никој не стави рака на Него, бидејќи уште не беше дошол Неговиот час. 31#2,11.23; 8,30; 10,42; 11,45; 12,11.42И мнозина од народот поверуваа во Него и велеа: „Кога ќе дојде Христос, зар ќе направи поголеми чуда отколку што направи Овој?“ 32#Мт 11,2; 12,23Чуја фарисеите дека народот така зборува за Него, па фарисеите и првосвештениците испратија поданици да Го фатат. 33#1,1; 12,35; 16,5.10.16Исус, пак, им рече: „Уште малку време сум со вас, а потоа ќе отидам кај Оној што Ме прати. 34#8,21; 12,40; 13,33.36; 5 Мојс 4,29; Ис 55,6Ќе Ме барате и нема да Ме најдете; и каде што сум Јас, вие не можете да дојдете.“ 35#12,20-24; Изреки 1,28; Јк 1,1; 1 Птр 1,1А Јудејците си рекоа меѓу себе: „Каде ќе оди Овој, та да не можеме да Го најдеме? Да не сака да оди при раселените меѓу Елините, па и Елините да ги поучува? 36Што значат овие зборови: ’Ќе Ме барате и нема да Ме најдете‘; и ’Каде што сум Јас, вие не можете да дојдете?‘“
Изворот на жива вода
37 #
3 Мојс 23,36; Ис 55,1; Откр 21,6; 22,17 А во последниот голем ден од празникот, Исус застана и гласно извика, велејќи: „Ако некој е жеден, нека дојде кај Мене и нека пие! 38#4,10.14; 19,31-34; 2 Мојс 17,1-6; Ис 12,3; 43,20; 44,3; 58,11; Ез 47,1-12; Јоил 3,18; Зах 13,1; 14,8; 1 Кор 10,4Оној што верува во Мене, како што е речено во Писмото, од неговата утроба ќе потечат реки од жива вода.“ 39#12,16.23.28; 13,31-32; 16,7; Дела 2,4А ова го рече за Духот, што требаше да Го примат оние што веруваат во Него; зашто Светиот Дух уште не им беше даден, бидејќи Исус уште не беше прославен. 40#6,14; 5 Мојс 18,15-18; Мт 21,11; Дела 3,22; 7,37А мнозина од народот, слушајќи го словото, рекоа: „Овој е навистина пророк!“ 41#1,46; 7,52Други велеа: „Овој е Христос.“ А некои рекоа: „Зар од Галилеја ќе дојде Христос? 42#2 Цар 7,12-17; Пс 88,3-4; Ер 23,5; Мих 5,1; Мт 2,5-6; Рим 1,3Не е ли речено во Писмото дека Христос ќе дојде од Давидовото потомство и од гратчето Витлеем, од каде што беше Давид?“ 43#3,19-21; 9,16; 10,19Така настана раздор во народот заради Него. 44#7,30А некои од нив сакаа да Го фатат, но никој не стави рака врз Него. 45Тогаш поданиците дојдоа кај првосвештениците и фарисеите, а овие им рекоа: „Зошто не Го доведовте?“ 46#Мт 7,28; 13,54Поданиците одговорија: „Никогаш човек не говорел така како Овој Човек.“ 47Тогаш фарисеите им одговорија: „Да не се прелагавте и вие? 48#12,42; 1 Кор 1,26Поверувал ли некој од началниците, или, пак, од фарисеите во Него? 49#Ер 5,4-5Но овој народ, што не го знае Законот, е проклет.“ 50#3,1-2; 19,39А еден од нив, Никодим, што беше отишол кај Него ноќе, им рече: 51#2 Мојс 23,1; 5 Мојс 1,16; 17,4.6„Осудува ли нашиот Закон човек, ако претходно не бил сослушан и не се дознае што прави?“ 52#1,46; 5,39; 7,41А тие му одговорија и рекоа: „Да не си и ти од Галилеја? Испитај и ќе видиш дека од Галилеја не се јавува пророк!“ 53И секој си отиде во својот дом.
Právě zvoleno:
Јован 7: MAK2023
Zvýraznění
Sdílet
Kopírovat
Chceš mít své zvýrazněné verše uložené na všech zařízeních? Zaregistruj se nebo se přihlas
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023