Logo YouVersion
Ikona vyhledávání

Јован 6

6
Исус нахранува над пет илјади луѓе
(Мт 14,13-21; Мк 6,30-44; Лк 9,10-17)
1Потоа Исус отиде на другата страна од Галилејското, односно Тиверијадското Море. 2#2,23; Мт 4,23.25; 12,15; Лк 9,11И по Него одеше многу народ, зашто ги гледаа чудата што ги вршеше над болните. 3А Исус отиде во гората и таму се­де­ше со Своите ученици. 4#2,13; Лк 22,1И наближуваше јудејскиот празник Пасха. 5#1,43; 12,21; 4 Мојс 11,13Исус, пак, откако ги подигна очите и виде дека многу народ доаѓа кон Него, му рече на Филип: „Од каде да купиме леб за да јадат овие?“ 6#2,25; 6,61.64; 13,11; 21,17; 2 Кор 13,5; Откр 2,2А тоа го рече за да го искуша, зашто Самиот знаеше што ќе направи. 7Филип Му одговори: „И да купиме леб за двесте денарии, не би било доволно за секој да добие по малку!“ 8#1,40; Мт 4,18; 10,2Еден од Неговите ученици, Андреј, братот на Симон Петар, Му рече: 9#21,9-13; Суд 7,13; 4 Цар 4,42-43„Овде има едно момче што има пет јачменови лебови и две риби; но што е тоа за толкумина?“ 10Исус рече: „Кажете им на луѓето да поседнат!“ А на тоа место имаше многу трева. Тогаш поседнаа мажите, околу пет илјади на број. 11#Откр 4,9; 11,17Исус ги зеде лебовите, заблагодари и им ги подаде на учениците, а учени­ци­те на оние што поседнаа; исто така и од рибите, кој колку са­ка­ше. 12А кога се наситија, им рече на Своите ученици: „Соберете ги преостана­тите парчиња за да не се загуби ништо!“ 13#4 Цар 4,44И од петте јачменови лебови собраа и наполнија дванаесет кошеви со пар­чи­ња, што им преостанаа на оние што ја­деа. 14#Мт 21,11; Дела 7,37Луѓето, гледајќи го чудото што Исус го направи, рекоа: „Овој е навистина Пророкот Кој требаше да дојде во светот!“ 15#18,36; Мт 14,22-23; Мк 6,46Но Исус, штом разбра дека сакаат да дојдат и да Го фатат за да го прогла­сат за цар, повторно се повлече Сам во гората.
Исус оди по морето
(Мт 14,22-33; Мк 6,45-52)
16А приквечер, Неговите ученици слегоа до морето, 17и откако влегоа во коработ, тргнаа преку мо­рето кон Капернаум. И веќе се беше стемнило, а Исус сѐ уште не беше дошол кај нив. 18Морето, пак, се подигаше, зашто дуваше силен ветар. 19И кога беа поминале дваесет и пет – до триесет стадии#6,19 5-6 километри, по наши мерила., Го видоа Исус ка­ко оди по морето и како се приближува кон коработ, па се уплашија. 20#Мт 14,27; Мк 16,6Но Тој им рече: „Јас сум, не пла­шете се!“ 21Тогаш тие сакаа да Го примат во коработ; и коработ наеднаш се најде на брегот, каде што одеа.
Народот Го бара Исус
22 # 12,12 Утредента народот, што стоеше од другата страна на морето, забележа дека таму немаше друг кораб, освен оној во кој влегоа Неговите ученици, и дека Исус не влезе во коработ со Своите ученици, туку Неговите ученици заминаа сами. 23И други кораби дојдоа од Тиве­ри­ја­да, близу до местото каде што беа јаделе леб, откако Господ заблагодари. 24#Мк 1,37И кога луѓето видоа дека ниту Исус, ниту Неговите ученици не беа таму, самите влегоа во корабите и дојдоа во Ка­пернаум да Го бараат Исус.
Лебот на животот
25И штом Го најдоа отаде морето, Му рекоа: „Рави, кога дојде овде?“ 26#2,11А Исус им одговори и рече: „Вис­ти­на, вистина ви велам: вие не Ме барате затоа што видовте чуда, туку затоа што јадевте од лебовите и се наситивте. 27#4,14; 6,50-51.54.58; Ис 55,2; Мт 8,20; 16,12; Ефес 4,30Трудете се не за храната што се расипува, туку за храната што останува во вечен живот, што Синот Човечки ќе ви ја даде, зашто врз Него ставил печат Бог Отецот.“ 28#1 Кор 15,58А тие Му рекоа: „Што да правиме за да ги извршуваме Божјите дела?“ 29#1 Сол 1,3; 1 Јн 3,23Исус им одговори и рече: „Божјото дело е ова: да поверувате во Оној што Тој Го испрати.“ 30#2,18; Мт 12,38А тие Му рекоа: „Каков знак ќе ни покажеш, та да видиме и да Ти поверуваме? Што ќе направиш? 31#2 Мојс 16,15; 4 Мојс 11,7-9; 21,5; 5 Мојс 8,3; Неем 9,15; Пс 77,24; 104,40; Мудр 16,20Нашите татковци јадеа мана во пус­тината, како што е напишано: ’Леб од небото им даде да јадат.‘“ 32#6,49.58Но Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам: не ви даде Мојсеј леб од не­бото, туку Мојот Отец ви дава вистински леб од небото. 33#6,41.51Зашто Божјиот леб е Оној, што сле­гува од небото и му дава живот на светот.“ 34#4,15; Мт 6,11; Лк 11,3Тогаш Му рекоа: „Господи, да­вај ни го секогаш тој леб!“ 35#4,14; 6,48.51.58; 11,25; 14,6; Ис 55,1-3; Изреки 9,1-6; Сир 24,19-22А Исус им рече: „Јас сум лебот на животот; оној што доаѓа кај Мене, нема да ог­ладни и оној што верува во Мене, нема никогаш да ожедни. 36#6,26.29.40.64; 9,41; 15,24; 20,29Но ви реков дека вие и Ме видовте и не верувате. 37#17,6-7.24; Мт 11,28; 1 Јн 5,4Сѐ што Ми дава Отецот, ќе дојде кај Мене; а оној што доаѓа кај Мене, нема да го избркам надвор; 38#4,34; 5,30; Мт 26,39; Мк 14,36; Лк 22,42; Евр 10,9зашто слегов од небото не за да ја извршувам Мојата волја, туку волјата на Оној што Ме прати. 39#6,44.54; 10,28-29; 17,12; 18,9; Мт 18,14А волјата на Отецот, што Ме прати, е оваа: од сѐ што Ми дал да не загубам ништо, туку да го воскреснам во последниот ден. 40#6,54; 11,24-25А оваа е волјата на Оној што Ме прати: секој што ќе Го види Синот и ќе поверува во Него – да има вечен живот, и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.“ 41#6,33.35.51.58; 2 Мојс 16,2-8; 1 Кор 10,10Негодуваа против Него Ју­деј­ци­те, зашто рече: „Јас сум лебот што сле­зе од небото“, 42#7,27; Мк 6,3и зборуваа: „Зар не е Овој Исус, синот на Јо­сиф, Чии татко и мајка ги знаеме? Како тогаш Тој вели: ’Слегов од небото.‘“ 43Исус им одговори и рече: „Не мр­морете меѓу себе. 44#6,39.65; 12,32; Ос 11,4; Мт 16,17Никој не може да дојде кај Мене, ако не го привлече Отецот, што Ме пра­ти; и Јас ќе го воскреснам во последни­от ден. 45#Ис 54,13; Ер 31,33-34; 1 Сол 4,9; 1 Јн 4,12; 2,27Кај Пророците е напишано: ’И сите ќе бидат научени од Бога.‘ Секој што чул од Отецот и се научил, доаѓа кај Мене. 46#1,18; 7,29; 2 Мојс 33,20Не дека некој Го видел Отецот, освен Оној Кој е од Бога; Тој го видел Отецот. 47#3,15-16.36Вистина, вистина ви велам: Оној што верува во Мене, има вечен живот. 48#6,35.38.51.58Јас сум лебот на животот. 49Татковците ваши јадеа мана во пус­тината и умреа; 50ова е лебот што слегува од небото, и оној што јаде од него, нема да умре. 51#1,14; 3,6; 15,13; Мт 26,26; 1 Кор 11,24; Евр 10,5.10; 1 Јн 3,16Јас сум живиот леб што слезе од не­бото; оној што ќе јаде од овој леб, ќе живее веч­но; а лебот што Јас ќе го дадам е Мо­ето тело, што ќе го предадам за животот на светот.“ 52#3,4Јудејците, пак, почнаа да се препира­ат меѓу себе, велејќи: „Како може Овој да ни го даде Своето тело да го јадеме?“ 53#4,14; 5,26; Мт 8,20; 1 Кор 11,23-24А Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам: ако не го јадете телото на Синот Човечки и не ја пиете Неговата крв, нема да имате живот во себе. 54#6,39.40.44Оној што го јаде Моето тело и ја пие Мо­јата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден. 55#Кол 2,16Зашто Моето тело е вистинска хра­на и Мојата крв – вистински пијалак. 56#15,4-5; 1 Јн 3,24Оној што го јаде Моето тело и ја пие Мо­јата крв, ќе биде во Мене и Јас во него. 57#5,26; Мт 16,16; Евр 7,25Како што Ме прати живиот Отец и Јас живеам преку Отецот, така и оној што Ме јаде Мене, ќе живее преку Ме­не. 58#6,41.51Ова е лебот што слезе од небото, а не како вашите татковци што јадеа мана и изумреа; оној што го јаде овој леб, ќе живее довека.“ 59#18,20Ова Исус го рече во синагогата, кога поучуваше во Капернаум.
Зборови за вечен живот
60 # Јуда 1,15 Тогаш мнозина од Неговите ученици, откако го слушнаа тоа, рекоа: „Тешки се овие зборови! Кој може да ги слуша!?“ 61#Мт 11,6А Исус, знаејќи во Себе дека Неговите уче­ни­ци негодуваат поради тоа, им ре­че: „Зар ова ве соблазнува? 62#3,13; 12,32; 17,5; Мт 8,20; Дела 1,9-11А што ако Го видите Синот Чо­веч­ки како се вознесува горе, каде што бил порано? 63#3,6; 2 Кор 3,6; Гал 6,8; 1 Птр 3,18Духот е тој што оживува, а телото не е од никаква полза. Зборовите што ви ги кажав се дух и живот. 64#2,25Но има меѓу вас и некои што не ве­руваат.“ Исус знаеше од почеток кои се тие што не веруваат и кој е тој што ќе Го предаде. 65#3,27; 6,44И рече: „Затоа ви зборувам дека никој не може да дојде кај Мене, ако не му биде дадено од Мојот Отец.“ 66#Лк 9,62Оттогаш мнозина од Неговите ученици се повлекоа и веќе не одеа со Него. 67#2 Тим 1,15Тогаш Исус им рече на дванаесет­темина: „Да не сакате и вие да си отидете?“ 68#Мк 8,27-33#5 Мојс 8,3; Дела 5,20А Симон Петар Му одговори: „Гос­поди, кај кого ќе отидеме? Ти имаш збо­рови за вечен живот 69#10,36; Мк 1,24; Лк 4,34; Дела 3,14; 1 Јн 4,16и ние поверувавме и познавме дека Ти си Христос, Синот на живиот Бог.“ 70#13,18; 15,16; Лк 22,3Исус им одговори: „Не ве избрав ли Јас вас, дванаесеттемина? Но еден од вас е ѓа­вол#6,70 Грчкиот збор диаволос, од кој произлегува зборот ѓавол, примарно значи клеветник..“ 71#12,4; Лк 6,13.16А зборуваше за Јуда Симонов Ис­ка­риотски, зашто тој, еден од двана­есеттемина, сакаше да Го предаде.

Právě zvoleno:

Јован 6: MAK2023

Zvýraznění

Sdílet

Kopírovat

None

Chceš mít své zvýrazněné verše uložené na všech zařízeních? Zaregistruj se nebo se přihlas