Logo YouVersion
Ikona vyhledávání

Јован 7

7
Исус и Неговите браќа
1 # 5,18 Потоа Исус одеше низ Галилеја, за­тоа што не сакаше да оди во Јудеја, бидејќи Јудејците сакаа да Го убијат. 2#2 Мојс 23,14.16; 3 Мојс 23,34; 4 Мојс 29,12-39; 5 Мојс 16,13-16; Зах 14,16-19; Неем 8,1-18А се приближуваше јудејскиот празник Сеници. 3#Мт 12,46; Мк 3,31; Дела 1,14Тогаш Неговите браќа Му рекоа: „Замини одовде и оди во Јудеја, та и Твоите ученици да ги видат делата што ги правиш. 4#4,48; 6,30Зашто никој не прави нешто тајно кога сака да се прочуе. Штом ги правиш овие работи, покажи му се на светот!“ 5#Мк 3,33-35Зашто ниту Неговите браќа не веруваа во Него. 6#2,4; 7,30; 8,20Тогаш Исус им рече: „Моето време уште не е дојдено, а за вас времето секогаш е погодно. 7#3,19-21; 15,18Вас светот не може да ве мрази, а Мене Ме мрази, зашто Јас сведочам за него дека делата му се лоши. 8#Лк 9,51Вие отидете на овој празник; Јас сѐ уште нема да одам на овој празник, зашто Моето вре­ме сѐ уште не се исполнило.“ 9Откако го рече тоа, остана во Гали­леја.
Исус на празникот
10Но штом отидоа Неговите браќа и Тој отиде на празникот, но не јавно, туку скришум. 11#11,56А Јудејците Го бараа на празникот и велеа: „Каде е Оној?“ 12#7,40-43; Мт 27,63И многу расправии имаше меѓу народот за Него; едни зборуваа: „Добар е“, а други велеа: „Не, туку го заведува народот!“ 13#9,22; 12,42; 19,38; 20,19Но, сепак, никој не зборуваше от­ворено за Него, поради страв од Јудејците. 14А на средината од празникот, Исус влезе во храмот и поучуваше. 15#Мт 7,28-29; 13,54-57; Лк 2,47; Дела 4,13И Јудејците се чудеа, велејќи: „Ка­ко ги знае Овој Писанијата, кога не учел?“ 16#3,11-13.31-35; 12,49; 14,10Тогаш Исус им одговори и рече: „Моето учење не е Мое, туку на Оној што Ме прати; 17и ако некој сака да ја врши Неговата волја, ќе разбере дали ова учење е од Бога, или Јас Самиот од Себе зборувам. 18#5,41-44; 8,50; Пс 91,15Оној што зборува сам од себе, тој бара слава за себе; а кој ја бара славата на Оној што Го пратил, Тој е вистинит и во Него нема неправда. 19#1,17; 5,46-47; 8,37-41; Дела 7,53; Рим 2,17-23Зар Мојсеј не ви го даде Законот? И никој од вас не го исполнува Зако­нот. Зошто сакате да Ме убиете?“ 20#8,48; 10,20; Мт 11,18; 12,24.27Народот одговори и рече: „Демон имаш! Кој сака да Те убие?“ 21#5,2-9.16Одговори Исус и им рече: „Едно де­ло извршив и сите се чудите. 22#1 Мојс 17,10-13; 21,4; 3 Мојс 12,3; Рим 4,11Мојсеј ви го даде обрезанието, не затоа што тоа е од Мојсеј, туку од тат­ковците – и вие во сабота обрезува­те човек. 23#Мт 12,1-5.11-12; Мк 3,5; Лк 13,15-16Ако човек се обрезува во сабота, за да не се наруши Мојсеевиот Закон, тогаш зошто се гневите на Мене што цел човек излекував во сабота? 24#8,15; 3 Мојс 19,15; Ис 11,3-4; Зах 7,9Не судете според надворешноста, туку судете со праведен суд!“ 25#5,18; 7,19; 8,37.40Тогаш некои од ерусалимците рекоа: „Не е ли ова Овој Кого сакаат да Го убијат? 26Ете, јавно говори и ништо не Му велат. Да не се увериле и началниците дека Тој е навистина Христос? 27#6,42; 7,41; 9,29Но Овој знаеме од каде е, а кога ќе дојде Христос, никој не ќе знае од ка­де е.“ 28#8,19.26; 19,9Тогаш Исус, поучувајќи во храмот, гласно извика и рече: „И Мене Ме знаете и знаете од каде сум; и Сам од Себе не дојдов, но вистинит е Оној што ме прати, Кого вие не Го знаете. 29#8,55; 17,25; Мт 11,27Јас, пак, Го знам, зашто од Не­го сум и Тој Ме прати.“ 30#2,4; Лк 4,29-30Тогаш сакаа да Го фатат, но никој не стави рака на Него, бидејќи уште не беше дошол Неговиот час. 31#2,11.23; 8,30; 10,42; 11,45; 12,11.42И мнозина од народот поверуваа во Него и велеа: „Кога ќе дојде Христос, зар ќе направи поголеми чуда откол­ку што направи Овој?“ 32#Мт 11,2; 12,23Чуја фарисеите дека народот така зборува за Него, па фарисеите и првосвештениците испратија поданици да Го фатат. 33#1,1; 12,35; 16,5.10.16Исус, пак, им рече: „Уште малку време сум со вас, а потоа ќе отидам кај Оној што Ме прати. 34#8,21; 12,40; 13,33.36; 5 Мојс 4,29; Ис 55,6Ќе Ме барате и нема да Ме најдете; и каде што сум Јас, вие не мо­жете да дојдете.“ 35#12,20-24; Изреки 1,28; Јк 1,1; 1 Птр 1,1А Јудејците си рекоа меѓу себе: „Каде ќе оди Овој, та да не можеме да Го најдеме? Да не сака да оди при раселените меѓу Елините, па и Елините да ги поучува? 36Што значат овие зборови: ’Ќе Ме барате и нема да Ме најдете‘; и ’Каде што сум Јас, вие не можете да дој­де­те?‘“
Изворот на жива вода
37 # 3 Мојс 23,36; Ис 55,1; Откр 21,6; 22,17 А во последниот голем ден од праз­никот, Исус застана и гласно извика, велејќи: „Ако некој е жеден, нека дојде кај Мене и нека пие! 38#4,10.14; 19,31-34; 2 Мојс 17,1-6; Ис 12,3; 43,20; 44,3; 58,11; Ез 47,1-12; Јоил 3,18; Зах 13,1; 14,8; 1 Кор 10,4Оној што верува во Мене, како што е речено во Писмото, од неговата утроба ќе потечат реки од жива вода.“ 39#12,16.23.28; 13,31-32; 16,7; Дела 2,4А ова го рече за Духот, што требаше да Го примат оние што веруваат во Не­го; зашто Светиот Дух уште не им беше даден, бидејќи Исус уште не беше прославен. 40#6,14; 5 Мојс 18,15-18; Мт 21,11; Дела 3,22; 7,37А мнозина од народот, слушајќи го словото, рекоа: „Овој е навистина пророк!“ 41#1,46; 7,52Други велеа: „Овој е Христос.“ А некои рекоа: „Зар од Галилеја ќе дојде Христос? 42#2 Цар 7,12-17; Пс 88,3-4; Ер 23,5; Мих 5,1; Мт 2,5-6; Рим 1,3Не е ли речено во Писмото дека Христос ќе дојде од Давидовото потомство и од гратчето Витлеем, од каде што беше Давид?“ 43#3,19-21; 9,16; 10,19Така настана раздор во народот заради Него. 44#7,30А некои од нив сакаа да Го фатат, но никој не стави рака врз Него. 45Тогаш поданиците дојдоа кај првос­веш­тениците и фарисеите, а овие им рекоа: „Зошто не Го доведовте?“ 46#Мт 7,28; 13,54Поданиците одговорија: „Никогаш човек не говорел така како Овој Чо­век.“ 47Тогаш фарисеите им одговорија: „Да не се прелагавте и вие? 48#12,42; 1 Кор 1,26Поверувал ли некој од началниците, или, пак, од фарисеите во Него? 49#Ер 5,4-5Но овој народ, што не го знае За­конот, е проклет.“ 50#3,1-2; 19,39А еден од нив, Никодим, што беше отишол кај Него ноќе, им рече: 51#2 Мојс 23,1; 5 Мојс 1,16; 17,4.6„Осудува ли нашиот Закон човек, ако претходно не бил сослушан и не се дознае што прави?“ 52#1,46; 5,39; 7,41А тие му одговорија и рекоа: „Да не си и ти од Галилеја? Испитај и ќе ви­диш дека од Галилеја не се јавува пророк!“ 53И секој си отиде во својот дом.

Právě zvoleno:

Јован 7: MAK2023

Zvýraznění

Sdílet

Kopírovat

None

Chceš mít své zvýrazněné verše uložené na všech zařízeních? Zaregistruj se nebo se přihlas