Logo YouVersion
Ikona vyhledávání

Јован 8

8
Жена фатена во прељуба
1 # Лк 21,37 А Исус отиде на Маслиновата Гора. 2#Мт 26,55; Лк 21,38Утредента повторно дојде во храмот и сиот народ доаѓаше кај Него. А Тој седна и ги поучуваше. 3#Лк 7,37-50Тогаш книжниците и фарисеите доведоа кај Него една жена фатена во прељуба и, поставувајќи ја насреде, 4Му рекоа: „Учителе, оваа жена е фатена во прељуба на дело. 5#3 Мојс 20,10; 5 Мојс 22,22-24; Ез 16,38-40А Мојсеј во Законот ни заповеда таквите да ги каменуваме. Ти, пак, што велиш?“ 6#Мт 16,1; 22,15Тоа го рекоа за да Го искушаат и да имаат за што да Го обвинат. Но Исус се наведна долу и почна со прст да пишува по земјата, не гледајќи ги. 7#5 Мојс 17,7; Мт 7,1-5Кога продолжија да Го прашуваат, Тој се исправи и им рече: „Кој од вас е без грев, прв нека фрли камен на неа!“ 8И пак се наведна долу и пишуваше по земјата. 9#Мт 22,22А тие, штом го чуја тоа, бидејќи со­веста ги гризеше, се разотидоа еден по еден, почнувајќи од најстарите. И остана Исус сам со же­на­та што беше насреде. 10А кога се исправи и не виде никого освен жената, Исус ѝ рече: „Жено, каде се оние што те обвинуваа? Никој ли не те осуди?“ 11#5,14; 2 Мојс 33,11; Пс 102,8.13-14А таа рече: „Никој, Господи.“ Тогаш Исус ѝ рече: „Ниту Јас не те осудувам. Оди си и немој повеќе да грешиш.“
Исус е Светлината на светот
12 # 1,4-5.9; 12,35-36.46; 2 Мојс 13,21; Пс 26,1; 37,10; 88,16; Ис 9,2; 49,6; 60,19; Мудр 7,26; 2 Кор 6,14-15; 1 Јн 1,5-7 И повторно им рече Исус, велејќи: „Јас сум светлината на светот; кој врви по Мене, нема да оди во темнина, туку ќе ја има светлината на животот.“ 13#5,31Фарисеите, пак, Му рекоа: „Ти сведочиш Сам за Себе; Твоето све­доштво не е вистинито.“ 14#3,11; 9,29; 13,3; 16,28Исус им одговори и рече: „Дури и Јас самиот за Себе да сведочам, Моето све­доштво е вистинито, зашто знам од каде дојдов и каде одам; а вие не знаете од каде доаѓам и каде одам. 15#7,24; 12,47; 1 Цар 16,7; 1 Кор 2,8-16Вие судите според телото, Јас не судам никого. 16#5,30.37; 8,29Но дури и да судам Јас, Мојот суд е висти­нит, зашто не сум сам, туку сме Јас и Отецот, што Ме прати. 17#5 Мојс 17,6; 19,15; 4 Мојс 35,30; Мт 18,16А и во вашиот Закон е напишано де­ка сведоштвото од двајца сведоци се смета за веродостојно. 18#5,32.37; 1 Јн 5,9Јас сум Оној што сведочи за Себе; и за Мене сведочи и Отецот, што Ме прати.“ 19#12,45; 14,7.9-11; 16,3Тогаш Му рекоа: „Каде е Твојот Отец?“ Исус одговори: „Вие не Ме зна­ете ниту Мене, ниту Мојот Отец; ако Ме знаевте Мене и Отецот Мој ќе го знаевте.“ 20#7,30; Мк 12,41-43Овие зборови Исус ги кажа кај ризницата, поучувајќи во храмот; и никој не Го фати, зашто уште не беше дошол Неговиот час.
Исусовото заминување и опомената до неверните
21 # 7,34.36; 13,33.36; 5 Мојс 24,16; Ез 18,20; 33,12-20 Тогаш Исус повторно им рече: „Јас си одам, и ќе Ме барате и во својот грев ќе ум­рете. Каде што ќе одам Јас, вие не мо­жете да дојдете.“ 22#7,35Јудејците, пак, рекоа: „Да не сака да се самоубие и затоа вели: каде што одам Јас, вие не можете да дојдете?“ 23#1,10; 3,31; 17,14И им рече: „Вие сте од долу, Јас сум од горе: вие сте од овој свет, Јас не сум од овој свет. 24#8,28.58; 13,19; 2 Мојс 3,14-15; Ис 41,4; 43,10Затоа ви реков дека ќе умрете во своите гревови; бидејќи, ако не по­верувате дека Јас сум Тој, ќе умрете во своите гревови.“ 25Тогаш Му рекоа: „Кој си Ти?“ Исус им одговори: „Како што од почетокот и ви кажувам. 26#7,28; 12,49Многу имам за вас да зборувам и да судам; но Оној што Ме прати е вистинит и она што Јас го слушнав од Него, тоа и му го кажувам на светот.“ 27Но не разбраа дека им говореше за Отецот. 28#3,14; 5,19; Мт 8,20Тогаш Исус им рече: „Кога ќе Го из­диг­нете Синот Човечки, тогаш ќе сфатите дека Јас сум и дека ништо не правам сам од Себе, туку како што Ме научи Мојот Отец, така и зборувам. 29#4,34; 5,30; 16,32; 2 Мојс 3,12; Ис.Н. 1,5; Ер 1,8Оној што Ме прати е со Мене; Оте­цот не Ме остави сам, зашто Јас секогаш го правам она што Му е угодно.“ 30#2,23; 7,31; 10,42Кога Тој го зборуваше ова, мнозина поверуваа во Него.
Кој е навистина слободен?
31 # 3,11; 15,7; Дела 11,23; 2 Јн 1,9 Тогаш Исус им говореше на Јудејците, што беа поверувале во Него: „Ако вие останете во Моето слово, на­вистина сте Мои ученици; 32#1,14.17; 14,6.17и ќе ја спознаете вистината, и вис­тината ќе ве ослободи.“ 33#Мт 3,9; Рим 4,12; 9,7; Гал 3,6-16; Евр 2,16Му одговорија: „Ние сме Авраамово потомство и никогаш никому не сме робувале; како Ти велиш: ’Ќе бидете слободни?‘“ 34#Рим 6,17-19; 2 Птр 2,19; 1 Јн 3,8Исус им одговори: „Вистина, вистина ви велам: секој што прави грев, роб е на гревот. 35#1 Мојс 21,10; 2 Мојс 21,2; 5 Мојс 15,12; Ер 2,14; Гал 4,30А робот не останува довека во домот; Синот останува довека. 36#Рим 6,18-22; 2 Кор 3,17Ако, пак, Синот ве ослободи, навистина ќе бидете слободни. 37#5,18Знам дека сте Авраамово потомство, но сакате да Ме убиете зашто Моето слово не може да се смести во вас. 38#3,11; 6,45Јас го кажувам она што сум го ви­дел кај Мојот Отец; а и вие го правите она што сте го виделе кај вашиот тат­ко.“ 39#8,33; 1 Мојс 15,6; Сир 44,20-21; Мт 3,9; Рим 4,3.18.20; Јк 2,21-24Му одговорија и рекоа: „Нашиот татко е Авраам.“ Исус им рече: „Ако бевте чеда Авраамови, де­лата Авраамови ќе ги вршевте. 40А сега сакате да Ме убиете Мене, Човекот Кој ви ја кажа вистината што ја чу од Бога. Авраам така не правеше. 41#2 Мојс 4,22; 5 Мојс 32,6; Ис 63,16; 64,7; Ер 3,1-4Вие ги вршите делата на својот татко.“ А тие Му рекоа: „Ние не сме родени од блуд; еден Отец имаме – Бог.“ 42#13,3; 17,8; Мал 2,10; 1 Јн 5,1Но Исус им рече: „Ако Бог беше ваш Отец, тогаш ќе Ме љубевте Мене, бидејќи Јас од Бога излегов и доаѓам. Зашто не дојдов Сам од Себе, туку Тој Ме прати. 43#Рим 8,7Зошто не ги разбирате Моите зборови? Затоа што не можете да ги слушате Моите поуки. 44#1 Мојс 3,4; Мудр 2,24; Рим 5,12; 1 Птр 5,8; 1 Јн 3,8-15; Откр 12,12Вие сте од вашиот татко, од ѓаволот; и са­ка­те да ги исполнувате похотите на вашиот татко; тој е човекоубиец од почетокот и не стои во вистината, зашто во него нема вистина. Кога зборува лага, тој говори од себе, зашто е лажливец и татко на лагата. 45#Гал 4,16А бидејќи Јас вистината ви ја ка­жу­вам, не Ми верувате. 46#2 Кор 5,21; Евр 4,15; 1 Птр 2,22; 1 Јн 3,5Кој од Вас може да Ме обвини за грев? Ако, пак, ја зборувам вистината, тогаш зошто не Ми верувате? 47#18,37; 1 Јн 4,6; 5,19Оној што е од Бога, ги слуша Божјите зборови. Затоа вие не ги слушате, зашто не сте од Бога.“ 48#4,9; 7,20; 10,20; Мк 3,22; Лк 9,52Тогаш Јудејците Му одговорија и рекоа: „Не зборуваме ли право дека Ти си Самарјанин и дека демон имаш?“ 49#Мал 1,6Исус им одговори: „Јас демон немам, туку Го почитувам Својот Отец, а вие Ме бесчестите. 50#5,41; 7,18; 1 Птр 2,23Но Јас не ја барам Својата слава; има Друг што ја бара, и што ќе суди. 51#5,24; 11,25-26; Лк 2,26; Евр 11,5Вистина, вистина ви велам; оној што ќе го запази Моето слово, нема да вкуси смрт довека.“ 52#7,20; 10,20; Мк 9,1; Дела 2,29Тогаш Јудејците Му рекоа: „Сега разбравме дека демон има во Тебе. Авраам умре, исто и пророците, а Ти велиш: ’кој ќе ги запази Моите зборови, нема да види смрт довека‘! 53#4,12; Мт 12,41Да не си Ти поголем од нашиот татко Авраам, кој умре? И пророците умреа. За кого ли се сметаш Себеси?“ 54#13,32; 17,5Исус одговори: „Ако Јас Самиот Себе се прославувам, тогаш Мојата слава е ништожна; Оној Кој Ме прославува е Мојот Отец, за Кого вие велите дека е ваш Бог; 55#7,28-29; Мт 11,27но не Го познавате, а Јас Го знам. И ако кажам дека не Го познавам, ќе бидам лажливец, како вас. Но Јас Го знам и го пазам Неговото слово. 56#12,41; 1 Мојс 17,17; Ез 30,3; Јоил 1,15; Мт 13,17; 1 Кор 1,8; Евр 11,13Вашиот татко Авраам се радуваше дека ќе го види Мојот ден; и го виде и се зарадува.“ 57Тогаш Јудејците Му рекоа: „Уште немаш ни педесет години – а си го видел Авраам!?“ 58#8,24; 17,5; Ис 43,13Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам: Уште пред да се роди Авраам, Јас сум.“ 59#10,31; 11,8; Лк 4,29-30Тогаш зедоа камења за да ги фрлат на Него. Но Исус се сокри и излезе од хра­мот, поминувајќи меѓу нив; и така зами­на.

Právě zvoleno:

Јован 8: MAK2023

Zvýraznění

Sdílet

Kopírovat

None

Chceš mít své zvýrazněné verše uložené na všech zařízeních? Zaregistruj se nebo se přihlas