АГЕЈ 2
2
ОБОДРУВАЊЕ И НАДЕЖ: ВТОРО ПРОРОШТВО
2:1-9
1Во седмиот месец во дваесет и првиот ден на месецот, дојде Господово слово преку пророкот Агеј: 2„Речи им вака на Зоровавел синот Салатилов, јудејски управител и на Исуса, синот Јоседеков, свештенички поглавар, и на другиот народ: 3‘Има ли уште некој меѓу вас кој го видел својот Дом во неговата стара слава? А каков го гледате вие сега? Според оној, не е ли тоа како ништо во вашите очи? 4И така, биди јунак, Зоровавеле - слово е на Господа - биди јунак, Исусе сине Јоседеков, главен свештенику! Биди јунак, народе на сета земја - на работа! Зашто Јас Сум со вас! - зборува Господ над Воинствата! 5По ветувањето што ви го дадов вам кога излеговте од Египет, Мојот Дух останува сред вас. Не бојте се!’ 6Зашто Господ над Војските зборува вака: „За малку, и Јас ќе ги растресам небесата и земјата, и морето и копното. 7Ќе ги стресам сите народи, за да дојде богатството на сите народи, и ќе го наполнам со слава овој Дом - зборува Господ над Воинствата. 8Златото е Мое, среброто е Мое - зборува Господ над Воинствата. 9Славата на овој втор Дом ќе биде поголема отколку на првиот - слово е на Господа над Војските. И ќе му дадам мир на ова место - слово е на Господа над Војските.“
СВЕТОСТ ПРОТИВ НЕЧИСТОТА И БОЖЈИ БЛАГОСЛОВ: ТРЕТО ПРОРОШТВО
2:10-19
10Во дваесет и четвртиот ден на деветтиот месец, во втората година на царот Дариј, дојде Господовото слово: преку пророкот Агеј: 11Господ над Војските зборува вака: „Прашај ги свештениците што вели Законот и речи: 12‘Кога некој би носел во скутот на својата облека осветено месо, или ако би се допрел со скутот до леб, до јадење, до вино, до масло или до каква и да е храна; дали тоа ќе стане свето?’“ Свештениците одговорија: „Не!“ 13Агеј праша натаму: „Кога некој, кој се онечистува допирајќи мртовец, ќе допре нешто од она, дали тоа ќе стане нечисто?“ Свештениците одговорија: „Ќе биде нечисто.“ 14Тогаш Агеј рече вака: „‘Таков е и овој род, таков е овој народ пред Мене - говори Господ - такво е секое дело на нивните раце, и сѐ што принесуваат тука: сѐ е нечисто! 15А сега, размислете во срцето од денешниот ден за напред: Пред да почне да се става камен на камен во Господовото Светилиште, какви бевте? 16Му доаѓавте на куп од дваесет мери, а беа само десет! И доаѓавте на кацата за да зафатите педесет мери, а беа само дваесет! 17Го удирав со суша, со пламеница и со град секое дело на вашите раце, но никој нема кај Мене - говори Господ. 18Затоа внимавајте добро од денешниот ден за напред - од дваесет и четвртиот ден на деветтиот месец, кога почна да биде граден Господовиот Храм, внимавајте добро, 19има ли уште семе во житницата? Ни виновата лоза ни смоквата, ни калинката ни маслината не даваа плод, но од оној ден Јас ќе ги благословувам нив.’“
ЗОРОВАВЕЛ, ГОСПОДОВ РОБ: ЧЕТВРТО ПРОРОШТВО
2:20-23
20Во дваесет и четвртиот ден на истиот месец му дојде Господовото слово на Агеј по вторпат: 21„Речи му вака на Зоровавел, јудејскиот управител: ‘Јас ќе ги растресам небесата и земјата! 22Ќе ги оборам престолите на царствата, и ќе им ја уништам силата на царевите на народите. Ќе ги превртам бојните коли и оние во нив, ќе бидат оборени нивните коњи и коњаници, ќе паднат од мечот на својот брат. 23Во тој ден - говори Господ над Воинствата, ќе те земам Зоровавеле, сине Салатилов, Мој слуго - говори Господ - и ќе те ставам како печат, зашто тебе те избрав’ - говори Господ над Воинствата.“
موجودہ انتخاب:
АГЕЈ 2: MKB
سرخی
شئیر
کاپی
کیا آپ جاہتے ہیں کہ آپ کی سرکیاں آپ کی devices پر محفوظ ہوں؟ Sign up or sign in
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.